Еве како Јапонците слабеат само со одење и зошто тајната не е во бројот на километри
Јапонците се сметаат за една од највитките и најдолговечните нации во светот. Сепак, најголемиот дел од нив не трчаат маратони, не поминуваат часови во теретани, ниту пак држат ригорозни диети.
Нивната тајна лежи во наједноставната човечка активност – одењето. Тие пешачат секојдневно, но на сосема поинаков начин од остатокот од светот. Клучот не е во механичкото броење 10.000 или 15.000 чекори, туку во начинот на кој ги чекорите.
Јапонското одење го активира согорувањето на мастите не преку исцрпувачки интензитет, туку преку правилна биомеханика, редовност и свесен пристап кон движењето. Тие не се преоптоваруваат до губење здив – чекорат бавно, внимателно, со правилно држење на телото и слабеат без стрес и исцрпеност.

Содржина:
- На 60 до 70 проценти од пулсот телото влегува во зона каде што мастите стануваат гориво
- Исправен грб, отворени гради и дијафрагма што не е притисната од телефонот
- „Направи сто чекори по секој оброк и ќе доживееш сто години“
- 84 проценти од разградените масти излегуваат преку здивот, затоа ритамот „четири-четири“ не е детал
На 60 до 70 проценти од пулсот телото влегува во зона каде што мастите стануваат гориво
На прв поглед, ова звучи спротивно на општоприфатената логика – зарем со побрзо трчање не се трошат повеќе калории? Технички да, но кога станува збор за намалување на масните наслаги, не е пресудна само вкупната калориска потрошувачка, туку од кој извор телото ја црпи енергијата.
За време на интензивни тренинзи, како брзо одење или трчање, пулсот нагло се зголемува и организмот се префрла на јаглехидратите како примарен извор на гориво. Тоа обезбедува брза енергија, но топи минимални количини маснотии бидејќи калориите се трошат од гликогенот складиран во мускулите.
Наспроти тоа, кога чекорите бавно, пулсот останува во таканаречена зона на липолиза, каде што телото примарно ги користи мастите за енергија. Бидејќи оксидацијата на мастите бара постојан дотек на кислород и време, долгото и смирено одење од 40 до 60 минути согорува значително повеќе масни наслаги отколку 20 минути интензивно трчање.
Просечното темпо на јапонското одење е околу 4 километри на час, што претставува опуштена прошетка. Пулсот е низок, дишењето рамномерно, а телото останува доволно одморено за непречен разговор.
Истражувањата покажуваат дека 60 минути бавно пешачење согорува речиси исто количество чисти масти како половина час напорно трчање, но без какво било оптоварување на зглобовите или потреба од долготрајно закрепнување.

Исправен грб, отворени гради и дијафрагма што не е притисната од телефонот
Повеќето луѓе денес чекорат подгрбавено, со спуштена глава и заоблен грб гледајќи во телефоните. Во таа положба дијафрагмата е притисната, дишењето станува плитко, а внесот на кислород во крвта драматично се намалува. Бидејќи согорувањето на мастите е директен оксидациски процес, недостигот на кислород автоматски го забавува трошењето на калориите.
Јапонците чекорат со исправен грб и целосно опуштени рамена. Градите им се отворени, дијафрагмата работи слободно, а белите дробови целосно се полнат со свеж воздух. Кислородот непречено навлегува во крвотокот, давајќи им неопходно гориво на митохондриите во клетките за разградување на мастите.
Покрај тоа, правилното држење на телото постојано ги активира мускулите на јадрото – стомачните и грбните мускули, што дополнително ја зголемува потрошувачката на калории дури и при бавен од.

„Направи сто чекори по секој оброк и ќе доживееш сто години“
Старата јапонска поговорка вели: „Направи сто чекори по секој оброк и ќе доживееш сто години“. Ова не е само традиционална мудрост, туку научно потврден биохемиски механизам за контрола на тежината.
Јапонците имаат навика да се раздвижат по секое јадење. Тоа не мора да биде долга рута – доволни се 10 до 15 минути, па дури и само 5 минути лесно движење.
По јадењето нивото на гликоза во крвта нагло се зголемува. Доколку седите или легнете веднаш по оброкот, панкреасот лачи големи количини инсулин за да ја складира гликозата како резервно масно ткиво. Но, ако станете и се прошетате, мускулите веднаш ја користат таа гликоза како директно гориво за движење.
Истражувањата потврдуваат дека само 10 минути пешачење по оброкот го намалува скокот на шеќер во крвта за 20 до 30 проценти, ја поттикнува цревната перисталтика и ја спречува појавата на ненадејна желба за слатки.

84 проценти од разградените масти излегуваат преку здивот, затоа ритамот „четири-четири“ не е детал
Маснотиите во телото не се топат буквално, туку оксидираат – се сврзуваат со кислородот и се трансформираат во јаглероден диоксид и вода. Всушност, дури 84 проценти од разградените масти телото ги исфрла преку издишаниот воздух, додека преостанатите 16 проценти се исфрлаат преку потта и урината.
Повеќето луѓе дишат плитко, користејќи го само горниот дел од градниот кош. Јапонците практикуваат длабоко абдоминално, односно дијафрагмално дишење. Додека чекорат, тие дишат бавно во рамномерен ритам „четири-четири“: вдишување низ нос во траење од 4 чекори при што стомакот се шири, и целосно издишување низ нос во траење од 4 чекори при што стомакот се повлекува. Ова длабоко дишење не само што ја оксигенира крвта, туку го намалува и хормонот на стрес – кортизолот.
Многу луѓе на движењето гледаат како на одвоен тренинг – одвојуваат еден или два дена неделно за напорно вежбање, а останатите денови ги поминуваат во седење. Јапонците практикуваат континуитет: тие прават помеѓу 8.000 и 10.000 чекори секој божји ден, без паузи и без форсирање. Со ваквата умерена и редовна активност метаболизмот никогаш не забавува, нема исцрпеност што предизвикува волчји апетит, а навиката лесно се одржува со децении.
За просечниот жител на Јапонија одењето не е спорт или задача што мора да се одработи од морање, туку природен дел од животот. Тие пешачат до метро станицата, одат пеш до локалната продавница, се качуваат по скали наместо да користат лифт и прават кратки прошетки за време на паузата за ручек. Кога одењето е природно вткаено во секојдневието, тоа не бара посебна ментална мотивација и не создава чувство на притисок.
Забрзаното одење во паника за да се стигне на работа или да се фати автобус го крева кортизолот до плафон. Хронично покачениот кортизол го блокира согорувањето на мастите, го зголемува апетитот и го поттикнува таложењето сало околу стомакот. Јапонците се трудат да чекорат смирено – нивните чекори се одмерени, дишењето рамномерно, а умот релаксиран. Бавното пешачење го активира парасимпатичкиот нервен систем, го смирува организмот и овозможува здраво топење на килограмите.
Одењето совршено функционира во синергија со јапонските прехранбени навики. Не морате да го менувате целиот свој живот од корен. Започнете со мали чекори: уште денес по вечерата излезете на лесна 10-минутна прошетка. Во текот на неделата воведете навика да станете и да се раздвижите по секој оброк барем 5 минути. Вежбајте дишење преку стомак во ритам 4-4 и сменете ги ситните навики – слезете една станица порано или користете скали наместо лифт. Доследноста и смиреноста се вистинскиот клуч за витка линија и одлично здравје.


Коментирај анонимно