Искусна стјуардеса открива што сѐ можете бесплатно да побарате во авион: Повеќето патници немаат поим за ова

Патувањето со авион честопати знае да биде исцрпувачко и стресно, особено кога летот трае со часови, а просторот за седење е ограничен. Но, поранешната стјуардеса Силе Ридел, позната на социјалните мрежи како „Травел вит СилеРидел“ (Travel with SilleRydell), реши да ја подигне завесата над патничката кабина.
Со шест години искуство во авијацијата, таа редовно споделува совети и мали трикови што можат да го направат летот многу попријатен, особено за патници кои не знаат што смеат да побараат од екипажот.

Искусна стјуардеса открива што сѐ можете бесплатно да побарате во авион: Повеќето патници немаат поим за ова

Во видеото „Работи за кои можеби не знаете дека смеете да ги побарате во авион“ таа ја отвора листата

Ридел открива дека авиокомпаниите често имаат на располагање основни предмети за патниците, но многумина не се осмелуваат да прашаат.
Една од најкорисните работи е пакетот со мраз. Ако некој има силна главоболка, мигрена или отечени нозе и зглобови поради притисокот во кабината, може слободно да побара мраз од стјуардесите и да направи ладна компреса.

Во видеото „Работи за кои можеби не знаете дека смеете да ги побарате во авион“ таа ја отвора листата

Плускавец од трчање низ аеродромот не мора да го трпите до слетување

Кабинскиот екипаж секогаш има залихи од медицински фластери. Ако сте морале брзо да пешачите или да трчате од еден до друг излез на голем аеродром и сте добиле непријатна рана на стапалото, доволно е љубезно да се обратите до персоналот.
Во случај на ненадејни и силни болки во стомакот или главата, екипажот често има пристап и до основни лекови за ублажување на болката и непријатноста, кои можат веднаш да ви бидат дадени.

Плускавец од трчање низ аеродромот не мора да го трпите до слетување

Влошки и тампони најчесто не се во фиоките, туку кај екипажот

За жените кои неочекувано ќе се најдат во ситуација да им затреба влошка или тампон за време на долг лет, стјуардесата открива важен детаљ: многу авиокомпании одржуваат дискретни залихи на женски хигиенски производи.
Ридел го побива митот дека овие предмети се оставени слободно во фиоките на тоалетите. Наместо самите да пребарувате по ормарчињата, каде што ризикувате нешто да скршите, најдобро е дискретно да прашате некоја од стјуардесите. Дури и ако авионот официјално нема резерви, колешките од екипажот речиси секогаш имаат лични производи и со задоволство ќе помогнат.

Топла вода, вреќички против мачнина и тапи за уши може да бидат на едно прашање од вас

Меѓу достапните работи се и бесплатна топла вода, доколку си носите сопствени кесички чај или инстант супа, вреќички против мачнина пред да започне лошењето, како и тапи за уши за оние што сакаат мир од детски плач и бучава од моторите.
Екипажот располага и со дезинфицирачки влажни крпи, како и со дополнителна вода за дополнување на вашите шишиња.
„Никогаш не се срамете да побарате помош. Какво и барање да имате, екипажот веројатно веќе го слушнал и знае како да ви помогне“, истакнува таа.

Апостолките се првата грешка кога температурата во кабината нагло паѓа

Покрај корисните услуги во авионот, Ридел споделува и златно правило за облекувањето, откривајќи што никогаш не треба да носите ако сакате телото да ви биде благодарно.
На прво место се апостолките и отворените влечки. Во авионската кабина температурата често знае нагло да падне, стапалата отекуваат поради намалениот воздушен притисок, а при евентуална итност или доцнење можеби ќе мора да трчате низ аеродромот. Затоа затворените и стабилни обувки се задолжителни.

„Седиштата во авионите ги користат стотици илјади патници годишно“

Слично важи и за претесните фармерки, кои ја попречуваат циркулацијата и го зголемуваат ризикот од подуеност.
Искусната стјуардеса советува да ги избегнувате и кратките панталони и деколтираните маички:
„Седиштата во авионите ги користат стотици илјади патници годишно и ретко кога се детално дезинфицирани – сигурно не сакате вашата гола кожа директно да ги допира тие површини“, предупредува таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *