Парис Џексон бара 600 милиони долари по 17 години чекање на наследството од Мајкл Џексон „Тој држи сè во рака“
Парис Џексон (28) поднесе нова тужба до Вишиот суд во Лос Анџелес, барајќи дел од заштедата и имотот на починатиот крал на попот конечно да биде префрлен во семејниот фонд наменет за неа и за нејзините браќа.
Единствениот преостанат извршител на тестаментот, Џон Бранка, беше јавно обвинет од Парис дека со „железна тупаница“ управува со финансиите и намерно ги спречува децата на Мајкл Џексон да дојдат до своето законско наследство повеќе од 17 години по неговата трагична смрт.
Содржина:
Тестаментот ги дели исплатите на возраст од 30, 35 и 40 години
Според строгите одредби во тестаментот на Мајкл Џексон, неговите три деца требало постепено да добиваат приходи од фондот откако ќе наполнат 21 година.
Главниот капитал бил прецизно испланиран во три последователни фази: првата третина на 30-годишна возраст, половина од преостанатиот износ на 35 години, а целиот преостанат дел кога ќе наполнат 40 години.
Принс, најстариот син на музичката ѕвезда, за само неколку месеци ќе го прослави својот 30-ти роденден и со тоа законски влегува во првата фаза за исплата на главнината. Парис во април полни 29 години, додека најмладиот син Биги, познат како Бленкет, во февруари ќе наполни 25 години. Тоа значи дека сите тројца веќе одамна го поминале првичниот праг на полнолетство.
287,5 милиони долари од „ЕМИ Мјузик“ и 22 милиони долари од „Неверленд“
Имотот на поп-ѕвездата по неговата смрт оствари милијарди долари приходи.
Меѓу најзначајните зделки беше продажбата на десетпроцентниот удел во издавачката куќа „ЕМИ Мјузик“ (EMI Music Publishing) во 2018 година, како и продажбата на фамозниот раскошен имот „Неверленд“ во 2020 година.
Според финансиските извештаи од крајот на 2024 година, фондот располагал со околу 850 милиони долари во чиста готовина, додека вкупната вредност на брендот и авторските права се проценува на две до три милијарди долари.
Парис бара хонорарот на Бранка да се намали од 15 на 10 отсто
Парис тврди дека извршителот самоволно одредува колку џепарлак и месечни средства добиваат таа и нејзините браќа.
Според нејзините наводи, исплатите им биле дури и намалени како казна откако поднеле претходни правни приговори.
Минатиот месец таа побарала и судско намалување на неговиот менаџерски хонорар, наведувајќи дека тој со месеци ги пробивал законските рокови за поднесување детални финансиски извештаи.
IRS бара 700 милиони долари, а застапниците велат дека децата веќе добиле над 200 милиони
Од друга страна, застапниците на оставнината тврдат дека парите во целост не можат да бидат префрлени во приватниот семеен фонд поради нерешени крупни правни проблеми со американската даночна служба (IRS).
Тие нагласуваат дека на децата на Џексон досега веќе им биле исплатени средства за нивното образование, животни трошоци и имоти.
Според нив, токму под водство на Бранка, заоставнината успеала да се спаси од почетниот долг од 500 милиони долари и да прерасне во глобална империја вредна повеќе од две милијарди долари.
Новото судско соочување на Парис Џексон и правните застапници е закажано за почетокот на декември.

Коментирај анонимно