Манчевски со „Сестра, брат и шахта“ освои Гран при за најдобар филм на фестивалот во Токио

Филмот „Сестра, брат и шахта“ на режисерот Милчо Манчевски го освои Гран при за најдобар филм на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио. „Светот ја сака нашата ‘Шахта’. Токио ја сака нашата ‘Шахта’“, порача Манчевски по освојувањето на престижното признание.
Продуцентот Јане Ќортошев им се заблагодари на актерите и на целата филмска екипа, истакнувајќи: „Филмот е живот“. Ова е уште едно значајно меѓународно признание за македонската кинематографија и за филмското творештво на Манчевски.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *