Камениот мост во Скопје блесна во ново светло: Со донација од Турција доби декоративно осветлување

Камениот мост во центарот на Скопје официјално доби ново декоративно и архитектонско осветлување, реализирано со донација од Република Турција. Светлината беше пуштена во употреба на свеченост на која присуствуваа претставници од Македонија и Турција, институции и граѓани.

Камениот мост во Скопје блесна во ново светло: Со донација од Турција доби декоративно осветлување

Орце Ѓорѓиевски и Мехмет Тевфик Гоксу пред мостот што го поврзува центарот на Скопје

Осветлувањето свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер од Истанбул, Мехмет Тевфик Гоксу.
На свеченоста пред Камениот мост присуствуваа и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, турскиот амбасадор во земјава Алпер Акташ, генералниот директор на „Халк банка“ во Скопје Фатих Шахбаз, почесниот конзул Ајдован Адемоски, пратеници, претставници на институции и бројни граѓани.

Орце Ѓорѓиевски и Мехмет Тевфик Гоксу пред мостот што го поврзува центарот на Скопје

Над Вардар повторно засветеа и Мостот „Око“ и Мостот на уметноста

Со новото осветлување се нагласуваат препознатливите сводови и архитектонската убавина на еден од најзначајните историски симболи на главниот град. Покрај Камениот мост, во функција беа вратени и осветлувањата на два други моста на реката Вардар во строгиот центар – Мостот „Око“ и Мостот на уметноста, чие осветлување подолг период не беше во функција.
„Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот“, истакна градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Над Вардар повторно засветеа и Мостот „Око“ и Мостот на уметноста

„Од договорена соработка до светлина што ја гледаме сите“

Проектот е реализиран врз основа на потпишаниот Протокол за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и турската Општина Есенлер, со поддршка од „Халк банка“. Според Ѓорѓиевски, обновувањето и зачувувањето на историските обележја претставува заедничка обврска кон идните генерации.
„Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас. Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Од договорена соработка до светлина што ја гледаме сите – така се гради пријателство што остава трага. Камениот мост опстојувал со векови, а нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост“, порача Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу, во своето обраќање нагласи дека овој проект, покрај осветлувањето на историскиот мост, придонесува и за зацврстување на братството, меѓусебната почит и културните врски меѓу двата града.

„Од договорена соработка до светлина што ја гледаме сите“

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *