Нејзиното куче постојано ѝ го душкало здивот: Мислела дека е чудна навика, но тоа ѝ го спасило животот

Секој сопственик на домашен миленик знае дека кучињата понекогаш знаат да се однесуваат необично, па нивните постапки најчесто им се припишуваат на разиграност или на симпатични карактерни навики. Но за Колин Фергусон од Кент во Англија, чудното однесување на нејзиниот германски овчар воопшто не било случајна игра, туку аларм што ѝ го спасил животот.

Нејзиното куче постојано ѝ го душкало здивот: Мислела дека е чудна навика, но тоа ѝ го спасило животот

Инка се приближувала до лицето, мирисала, па се повлекувала со загрижен израз

Во текот на неколку недели, нејзината двегодишна женка германски овчар почнала опсесивно да ја душка устата на својата сопственичка. Кучето упорно чекало да го почувствува нејзиниот здив, како да се обидува да ѝ соопшти дека нешто не е во ред.

Инка се приближувала до лицето, мирисала, па се повлекувала со загрижен израз

Стоматологот рекол дека сè е во ред, но кучето не се откажувало

Упорноста ја загрижила тогаш 60-годишната професорка по биологија, па таа најпрво заминала на стоматолог, мислејќи дека можеби има проблем со забите или со непцата. Кога прегледот не покажал ништо сомнително, Колин го посетила и својот матичен лекар за да провери состојби што можат да го променат мирисот на здивот, како дијабетес, нетолеранција на глутен или проблеми со желудникот. Сите лабораториски анализи биле уредни, но Инка продолжувала исто. На крајот, загрижена од таквата фокусираност на својот миленик, Колин одлучила да направи целосно снимање на телото.
„Нејзиното однесување кон мене целосно се промени, беше насочена исклучиво кон мојата уста и не можевте да ја оттргнете сè додека не издишев воздух. Воопшто не очекував рак на белите дробови. Тоа беше огромен шок бидејќи никогаш не сум пушела, а како професорка по биологија бев голем противник на цигарите“, раскажа Фергусон.

Стоматологот рекол дека сè е во ред, но кучето не се откажувало

Снимките откриле тумор голем колку топче за голф

Инка всушност почувствувала промена во белите дробови на Колин. Бидејќи болеста била откриена во прв стадиум, хирурзите веднаш го отстраниле туморот, без потреба од исцрпувачка хемотерапија или зрачење.
„Хирургот по операцијата само ми рече: Тоа куче ви го спаси животот, а сега одете и радувајте му се на животот“, додаде таа.

Снимките откриле тумор голем колку топче за голф

На МИТ, д-р Андреас Мершин разви електронски нос поддржан од вештачка интелигенција

Инспирирани од ваквите случаи и од работата на организацијата за медицински кучиња трагачи, научниците веќе две децении работат на уред што ќе може да мириса како куче. Новата технологија неодамна беше претставена и пред британската кралица Камила во Лондон.
„Ова е огромна пресвртница. Работевме на тоа да ги копираме способностите на кучињата и да ги обучиме машините на сличен начин. Телефоните веќе имаат очи и уши, а машинското сетило за мирис е следната граница во здравствената технологија која може целосно да го промени раното откривање на болестите“, објасни д-р Мершин.

Инка наполни 14 години и беше обучена како куче за поддршка при закрепнување

Денес Колин Фергусон со неизмерна благодарност ужива во секој ден со својата миленичка. Она што почнало како чудна навика, за неа станало доказ дека понекогаш животното прво го чувствува она што човекот сè уште не може да го види.
„Имав неверојатна среќа. Да се открие болеста во прв стадиум е вистинско чудо, а сето тоа го должам на нејзината упорност“, заклучува Колин.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *