Се сеќавате кога шефовите ги принудуваа своите работници да користат вештачка интелигенција? Сега сфаќаат дека направиле огромна грешка

Со години, многу директори и менаџери категорично бараа нивните вработени по секоја цена да користат алатки со вештачка интелигенција во секојдневната работа. Тоа се случуваше и покрај истражувањата кои уште од почетокот укажуваа дека реалната корист за продуктивноста е минимална, додека технолошката индустрија ветуваше револуција на работното место.
Сега пресвртот станува видлив. Раководителите почнаа буквално да се дават во бесмислена и генеричка содржина создадена од алгоритми, таканаречен „workslop“, и се чини дека почнаа да пеат сосема поинаква песна.

Се сеќавате кога шефовите ги принудуваа своите работници да користат вештачка интелигенција? Сега сфаќаат дека направиле огромна грешка

Пораките на Слек биле толку очигледно генерирани што директорка забранила вештачка интелигенција за внатрешна комуникација

Како што известува „Бизнис инсајдер“ (Business Insider), извршната директорка на една технолошка компанија за регрутирање кадри одеднаш се нашла затрупана со пораки на платформата „Слек“ (Slack) од своите вработени, за кои било повеќе од очигледно дека се целосно генерирани со помош на вештачка интелигенција.
Тоа ја принудило итно да воведе ново правило со кое строго се забранува користењето вештачка интелигенција за внатрешна комуникација во фирмата.
Таа не е единствениот пример. Еден анонимен извршен директор толку многу се заситил од ваквата појава што отворено се заканил дека „ќе го избрка од работа следниот вработен“ кој ќе му испрати необработен и бездушен текст генериран од „ЧетГПТ“ (ChatGPT), пренесе магазинот „Инк“ (Inc).
Наместо темелно да ја унапреди канцелариската работа, на шефовите конечно им станува јасно дека масовната и често контрапродуктивна употреба на овие алатки прави многу повеќе штета отколку корист.

Пораките на Слек биле толку очигледно генерирани што директорка забранила вештачка интелигенција за внатрешна комуникација

Довербата паѓа од 68 на 24 отсто кога менаџерите знаат дека е користен ЧетГПТ

Овој пресврт го потврдува и новата научна студија објавена во списанието „The Leadership Quarterly“, предводена од истражувачот Семјуел Мејерс од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Истражувањето покажа дека вработените кои интензивно користат алатки како „ЧетГПТ“ уживаат значително помала доверба кај своите работодавци, што директно им ги намалува шансите за унапредување.
Ова се случува дури и во компании каде што раководството сè уште активно го поттикнува користењето на вештачката интелигенција, што покажува дека работниците кои ги слушаат тие насоки плаќаат висока и парадоксална цена.
Во серија експерименти, научниците побарале од менаџерите да оценат дали му веруваат на извештајот поднесен од вработен, знаејќи дали притоа е користена вештачка интелигенција или не, без оглед на самиот квалитет на сработеното.
„Вештачката интелигенција не го менува само начинот на кој работиме, туку и начинот на кој ги оценуваме луѓето со кои соработуваме. Еден вработен може да ја искористи вештачката интелигенција за да произведе подобар труд на поефикасен начин, а сепак да ја изгуби довербата на својот менаџер само затоа што била вклучена вештачка интелигенција“, објасни коавторот на студијата, д-р Јоханан Бигман.

Довербата паѓа од 68 на 24 отсто кога менаџерите знаат дека е користен ЧетГПТ

Скапи агенти, без видлив ќар и работници турнати кон вештачка интелигенција во сенка

Покрај губењето на довербата, директорите открија дека користењето на агенти за вештачка интелигенција и алатки за програмирање драстично ги зголемило трошоците на компаниите без да донесе видлив финансиски ќар. Поради тоа, многу фирми веќе го кратат буџетот за овие софтвери.
Анкетите покажуваат дека огромното мнозинство извршни директори не забележале никакво реално зголемување на продуктивноста.
Како резултат на тоа, работниците денес се наоѓаат меѓу чеканот и наковалната: или да ги следат упатствата на претпоставените и да користат вештачка интелигенција, или да ја зачуваат нивната доверба игнорирајќи ги тие повици.
Авторите на студијата предупредуваат дека оваа тензија води кон појава на таканаречена „вештачка интелигенција во сенка“ (shadow AI) – тајно користење на технологијата на работното место, што дополнително ја усложнува атмосферата во компаниите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *