Пред 25 години, една епизода од квизот „Кој сака да биде милионер?“ испрати тројца луѓе во затвор

Квизовите со парични награди постојат речиси колку и самата телевизија. Кога на маса има голема сума, секогаш се појавува некој што верува дека може да го надмудри системот. Но, малку обиди во историјата на телевизиските квизови биле толку очигледни, дрски и запаметени како настапот на британскиот мајор Чарлс Инграм, кој пред 25 години се обиде да стигне до еден милион фунти во „Кој сака да биде милионер?“

Пред 25 години, една епизода од квизот „Кој сака да биде милионер?“ испрати тројца луѓе во затвор

Во септември 2001 година, мајорот седна во „жешкото столче“

Правилата на квизот беа едноставни и сурови: натпреварувачот одговара на прашања со четири понудени одговори, а со секој точен одговор сумата расте. Крајната цел е главната награда од еден милион фунти.
Ако натпреварувачот заглави, има три дозволени видови помош, меѓу кои „повикај пријател“ и „прашај ја публиката“. Подоцна, судот утврди дека Инграм во студиото имал уште една помош — четврта, нелегална.

Во септември 2001 година, мајорот седна во „жешкото столче“

Кашлањето станало сигнал за точниот одговор

Неговата сопруга Дајана Инграм и уште еден потенцијален натпреварувач во студиото, Теквен Виток, биле дел од планот. Шемата била прецизна: Инграм гласно размислувал и ги читал четирите понудени одговори еден по еден.
Кога ќе го изговорел точниот одговор, Виток или неговата сопруга се закашлувале. Тоа бил знакот што требало да му каже кој одговор да го заклучи.

Кашлањето станало сигнал за точниот одговор

Продуцентите го забележале моментот кога мислењето му се менувало веднаш по звук од публиката

Сомнежите се појавиле уште додека траело снимањето. Однесувањето на Инграм било крајно нелогично: често тврдел дека е убеден во еден одговор или дека никогаш не слушнал за некој поим.
Потоа, веднаш по кашлање од публиката, одеднаш го менувал ставот и го избирал точниот одговор. Токму тие нагли пресврти подоцна станале клучен дел од случајот.

„Born To Do It“ го разоткри најчудниот пресврт во играта

На судењето во 2003 година биле прикажани снимките од емисијата, а тие јасно ја откриле шемата. Особено комичен, но и инкриминирачки бил моментот со прашањето чиј албум е „Born To Do It“.
Инграм гласно рекол дека е сигурен оти никогаш не слушнал за пејачот Крег Дејвид. Но, по серија кашлања одеднаш решил токму него да го избере како конечен одговор.

Чекот од еден милион фунти бил запрен пред да биде исплатен

Откако Инграм стигнал до главната награда, продукциската куќа ја стопирала исплатата и ги предала снимките на полицијата. Следела детална ревизија на аудиолентите од микрофоните во студиото.
Чарлс Инграм, неговата сопруга Дајана и професорот Теквен Виток биле уапсени и обвинети за измама.

Виток тврдеше дека има хронична кашлица и алергија на прашина

Сите тројца до крај негирале дека мамеле. Виток се бранел со тврдењето дека страда од хронична кашлица и алергија на прашина.
Поротата сепак ги прогласила за виновни. Брачниот пар Инграм добил условна затворска казна од по 18 месеци и парична казна од по 15.000 фунти, плус судски трошоци. Виток бил осуден на условна затворска казна од 12 месеци и парична казна од 10.000 фунти.

По 17 години служба, Чарлс Инграм морал да ја напушти армијата

Последиците не завршиле со судската пресуда. Покрај јавниот срам и големите финансиски трошоци, Чарлс Инграм бил принуден да се повлече од британската армија.
Неговиот обид да стане милионер преку ноќ заврши како еден од најпознатите телевизиски скандали на сите времиња.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *