Годините не се пречка: Ленче на 72 години реши да полага за возачка дозвола
За нови предизвици и остварување на желбите никогаш не е доцна, а најдобар пример за тоа е 72-годишната Ленче, која решила да седне зад волан и да започне со обука за возачка дозвола.
Нејзината приказна ја сподели скопската автошкола „Деива“, од каде што порачаа дека годините не треба да бидат пречка за учење нови работи. Со својата одлука, Ленче покажа дека желбите немаат рок на траење и дека храброста да се направи првиот чекор е поважна од бројот на годините.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно