За да спречат поплави, исправиле цела река во Флорида, но направиле огромна еколошка грешка: Децении подоцна морале да ѝ ги вратат кривините

Реката Кисими во централна Флорида некогаш течела низ живописни кривини, меандри и широки мочуришта. За земјоделците и локалните власти, сепак, таа убавина со децении значела и опасност: честите излевања носеле штети, страв и постојана борба со водата. По катастрофалната сезона на урагани во 1947 година, граѓаните побарале државата да преземе радикални чекори за спречување на поплавите.

За да спречат поплави, исправиле цела река во Флорида, но направиле огромна еколошка грешка: Децении подоцна морале да ѝ ги вратат кривините

Од речиси 170 километри природен тек до прав канал долг 90 километри

Како одговор на барањата, воените инженери на САД од 1962 до 1971 година реализирале масивен проект. Природната река била буквално исечена и претворена во прав бетонски одводен канал со длабочина од девет метри. Водата почнала да тече побрзо, населбите биле подобро заштитени од поплави, а исушените мочуришта биле пренаменети за земјоделство.

Од речиси 170 километри природен тек до прав канал долг 90 километри

Водните птици паднаа за 92 проценти, а белоглавите орли исчезнуваа од пејзажот

Она што на почеток изгледало како инженерско решение набрзо се претворило во еколошка катастрофа од огромни размери. Со исушувањето на мочуриштата биле уништени природните живеалишта на птиците и рибите. Видови што зависеле од бавното движење на водата, плитките површини и мочуришната вегетација останале без својот дом.

Загадената вода од фармите завршуваше право во езерото Окичоби

Проблемот не бил само во изгубениот див свет. Реката го загубила природниот капацитет за самопрочистување. Водата загадена со отпад од фармите и со ѓубрива директно се сливала во езерото Окичоби, каде што предизвикувала масовно цветање на токсични алги и помор на живиот свет.

Во 1992 година Конгресот одобри враќање на старите меандри

Сфаќајќи ја огромната грешка, Конгресот на САД одобрил историски потфат: целосно уривање на каналот и враќање на реката во нејзиното првобитно, природно корито. Проектот вреден над една милијарда долари траел повеќе од две децении. Десетици километри од вештачкиот канал биле засипани, а водата повторно била пренасочена низ старите кривини.

Кисими стана светски пример дека природата може брзо да одговори кога ќе и се врати просторот

Резултатите ги надминале очекувањата на биолозите. Веднаш штом водата повторно протекла низ природните кривини, почнала самообнова: водните птици, ретките видови риби и автохтоната вегетација се вратиле во рекорден рок. Така Кисими се претворила во симбол за успешна еколошка реставрација и потсетник дека понекогаш најголемиот напредок е да се поправи она што човекот веќе го исправил.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *