Бугарите 50 години тврдеа дека знамето од Загоричани било зелено и со бугарски мотиви, а сега се појави фотографија со црвено знаме и македонски лав!
Историско знаме од Илинденското востание, кое со децении се сметало за исчезнато, деновиве повторно се појави во јавноста и предизвика интерес поради својот изглед и симболика. Станува збор за знамето на четата од Загоричани, Костурско, кое некогаш било поставено над посмртните останки на Гоце Делчев во Софија.

На 10 ноември 2026 година, знамето било јавно претставено во бугарскиот Државен архив, откако било подарено од Марија Атанасова, наследничка на учесници во револуционерните борби. За разлика од стариот опис во кој се споменува зелена свила, зачуваниот оригинал е црвен, со извезен златен лав, натпис „Слобода или смрт“ и датум 20 јули 1903 година.
Откритието отвора интересни прашања за историските описи на знамето, кое повеќе од еден век е дел од наследството на македонското револуционерно движење.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно