Обезбедувањето во „Зара“ во Лондон ја фати бугарската „принцеза“ како дрпнала 2000 фунти (ВИДЕО)

Додека на социјалните мрежи со потсмев ја крунисаа како „бугарска принцеза“, вистинската приказна од центарот на Лондон се однесува на сериска џебчивка фатена на дело во познатиот моден ланец „Зара“. Според снимките на граѓанската иницијатива „Pickpocket London“, која со години ги следи и разобличува џебчиите низ британската престолнина, во продавницата биле забележани две жени веќе добро познати по претходни слични кражби. За време на метежот бил употребен и спреј, по што едната од нив успеала да побегне.

Втората жена, идентификувана како Александра, била запрена од обезбедувањето на самиот излез, веднаш откако еден од купувачите пријавил дека му исчезнале 2.000 фунти. На видеозаписите јасно се слуша како таа во паника зборува на телефон и на бугарски јазик изговара: „Ме проверуваат!“. При проверката од страна на обезбедувањето, кај неа биле пронајдени токму 2.000 фунти во готово.

Иако парите биле во нејзините раце, постапката на лице место се искомплицирала поради бизарен технички пропуст – во тој момент во продавницата немало достапен оператор за безбедносните камери за веднаш да се прегледаат снимките и правно да се докаже која од двете жени директно ги извлекла парите од жртвата. Инцидентот повторно го врати фокусот на организираните џебчиски групи од Источна Европа, чии чести акции во лондонските трговски центри со години ги полнат полициските билтени и предизвикуваат револт кај британските трговци и граѓани.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *