„Броз среде ноќ во папучи бегал од вилата и спиел во када поради неа“ – Бракот на Тито и Јованка имал свои мрачни тајни, а еве зошто се разделиле

Од прва дама на Југославија до политички неподобна и заборавена жена, приказната за Јованка Броз остана преполна со контрасти. Таа не беше само сопруга на Јосип Броз Тито: од партизанка и жена од највисока доверба, прерасна во фигура што, според сведоштвата, се мешала во политички и општествени процеси.
Додека уживаше во највисоките државни почести, ја почувствува и другата страна на моќта: децении изолација, сомнежи, партиски пресуди без суд и живот во сенка по смртта на човекот со кого го делеше врвот на југословенската држава.

„Броз среде ноќ во папучи бегал од вилата и спиел во када поради неа“ - Бракот на Тито и Јованка имал свои мрачни тајни, а еве зошто се разделиле

Повеќе од 20 години секое утро ѝ варел кафе, иако имале послуга

Јованка Броз и Тито се запознале уште за време на Втората светска војна, кога таа му се приклучила на партизанското движење. Бракот официјално го склучиле во април 1952 година.
На почетокот, според нејзините сеќавања, нивниот однос бил исполнет со внимание. Подоцна, во разговор со новинарката Мира Адања Полак, Јованка открила каков бил Тито приватно.
„Јас бев опкружена со големо внимание од негова страна, со голема љубов. Не можам да се пожалам на однесувањето на Тито кон мене, дури ни во тие последни денови. Беше многу коректен. Тој навистина искрено ме сакаше… Знаеше да биде неверојатно внимателен. Честопати раскажував за тоа како повеќе од 20 години секое утро ни вареше кафе и мене и нему. Ние имавме послуга, келнери, персонал, сѐ тоа. Но не, тој ќе го направеше кафето и сам ќе ми го донесеше. Јас сакав наутро да поспијам подолго, а тој стануваше рано, читаше весници со своето еспресо апаратче и секој божји ден ми вареше кафе. 20 години го правеше тоа за мене“, се присетуваше Јованка.

Повеќе од 20 години секое утро ѝ варел кафе, иако имале послуга

„Белата книга“ од 1974 година ја опиша како жена што влегувала во државнички одлуки

Со годините, нејзиното влијание станало сериозен политички фактор. Одредени сведоци тврдат дека почнала да се однесува како кралица, ја наметнувала својата волја, била остра, тешка за соработка и, според мислењето на некои лекари, клинички параноична.
Документот познат како „Бела книга“ од 1974 година содржи низа шокантни примери што, според авторите на документот, покажуваат дека таа често преземала иницијатива во носењето државнички одлуки, мешајќи се во области далеку надвор од нејзината надлежност.
Нејзината огромна моќ најжестоко ја почувствувал генералот Иван Мишковиќ, шефот на југословенската воена контраразузнавачка служба, КОС. По конфликт со неа, тој целосно ја загубил својата воена кариера.
Поради овие тензии, во 1975 година Јованка била привремено изолирана и префрлена од Игало во Белград. Посебна партиска комисија заклучила дека не била вмешана во заговори против државата, туку дека станува збор за параноја. И покрај тоа, сопругот не ја напуштил веднаш, па дури и ѝ овозможил одредена сатисфакција пред политичките противници.

„Белата книга“ од 1974 година ја опиша како жена што влегувала во државнички одлуки

Никола Љубичиќ сведочеше дека Тито се заклучувал во бањата до утро

Односите во претседателската резиденција биле длабоко нарушени. Некогашниот сојузен министер за одбрана Никола Љубичиќ изјави дека претседателот во однос на својата сопруга „не беше трократен народен херој“, нагласувајќи ја со тоа нејзината доминантна природа.
Најголем шок претставуваат сведоштвата дека херојот од Сутјеска и Неретва буквално бегал од сопствената сопруга. Љубичиќ опиша една сцена кога Тито се обидел да се смири со неа во резиденцијата на Ужичка 15 во Белград.
„Во една прилика, кога дојде кај неа, Јованка толку силно вресна и почна жестоко да го критикува, што претседателот беше принуден, штом таа попладнето заспа, да го повика аѓутантот, генерал-мајор Марко Рапо, и лекарот, за да го превезат во пижами од куќата во Белиот двор бидејќи беше болен“, раскажуваше Љубичиќ.
Според зборовите на Љубичиќ, првата дама му создавала огромни главоболки и околу кадровските и државните прашања.
„Тито повеќепати ми се жалеше како Јованка ноќе го мачи. Доаѓала во неговата спална соба и цела ноќ вршела притисок околу кадровски решенија и именувања, не дозволувајќи му да заспие. Повремено директно го навредувала, па тој често бил принуден да се заклучи во бањата и таму да го дочека утрото“, се наведува во сведоштвата.
Така, човекот кој му избега на Хитлер во десантот на Дрвар и му кажа историско „не“ на Сталин, ноќите ги завршувал спиејќи во када за да избегне кавги.

Никола Љубичиќ сведочеше дека Тито се заклучувал во бањата до утро

Стане Доланц тврдеше дека во папучи избегал од Ужичка 15

На затворена седница од 23 мај 1980 година, Стане Доланц отишол чекор понатаму и признал:
„Бев присутен заедно со Петар Стамболиќ кога претседателот на Републиката во папучи побегна од Ужичка 15 во Белиот двор. Таа ноќ нѐ повика и нѐ замоли да обезбедиме Јованка да не доаѓа кај него, велејќи дека повеќе не може да живее од неа“.
Иако приватно Тито бил хедонист и избегнувал директни расправии, чашата дефинитивно прелеала во 1978 година. Тогаш се вратил од официјална посета на Кина со подарок за сопругата, а таа хистерично го фрлила подарокот кон него. По тој настан, маршалот донел конечна одлука за нивно де факто разделување.
Последните три години од неговиот живот биле обележани со целосна физичка дистанца, иако формално никогаш правно не се развеле.

Стане Доланц тврдеше дека во папучи избегал од Ужичка 15

33 години во вила без греење, а на крајот побара место до него во Куќата на цвеќето

Само еден месец по смртта на Тито во мај 1980 година, Јованка под вооружена придружба била сурово исфрлена од заедничкиот дом на Ужичка 15. Не ѝ било дозволено да ги земе своите лични предмети, фотографии и сеќавања.
Била префрлена во руинирана државна вила на Дедиње, без греење и со покрив што протекувал. Таму поминала 33 години во еден вид тивок домашен притвор, без лични документи, пасош и здравствена книшка.
Јованка Броз почина на 20 октомври 2013 година во Белград од срцев застој, на 89-годишна возраст. Нејзината последна желба беше да биде погребана веднаш до својот сопруг во Куќата на цвеќето, со што барем симболично повторно се споија.
И покрај сѐ што претрпе, својата длабока тага и неправда непосредно пред крајот најточно ја опиша со зборовите: „Виновна без вина и осудена без суд“.

33 години во вила без греење, а на крајот побара место до него во Куќата на цвеќето

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *