Арапски шеик го нарача најголемиот Hummer на светот – Тежи 59 тони, а внатре има двокатен стан со кујна и тоалет
Ексцентричен милијардер и член на владејачкото семејство на Обединетите Арапски Емирати го шокираше светот со уникатниот Hummer H1 X3, најголемиот функционален теренец во историјата. Овој механички џин е долг 14 метри, широк шест метри, висок речиси 6,6 метри и тежи повеќе од 59 тони.

Содржина:
„Шеикот на виножитото“ ангажирал седум инженери за година и пол рачна работа
Горд сопственик на ова техничко чудо е шеикот Хамад бин Хамдан Ал Нахјан, во јавноста познат под прекарот „Шеикот на виножитото“. Тој поседува една од најголемите и најбизарните приватни колекции на автомобили на планетата. Комплетното конструирање и рачно склопување било доверено на тим од врвни инженери, кои непрекинато работеле додека возилото не добило форма на вистински подвижен објект, а не само на автомобил.

Приземје со кујна и бања, горен кат со 60 квадратни метри дневна соба
Внатрешноста воопшто не потсетува на вообичаен автомобил. Организирана е како луксузен пентхаус на два ката, со целосно опремена модерна кујна, мијалник и функционален тоалет со бања на долното ниво. Над него има раскошен простор за престој со десет удобни кожени фотелји, маси за прием и панорамски стаклени прозорци, од кои околината се гледа од висина на втор кат на станбена зграда.

Четири дизел-мотори го движат колосот, но максимумот е 32 километри на час
Основата е модифицирана челична шасија од легендарното американско амфибиско воено транспортно возило LARC-LX. Секое тркало има посебен дизел-мотор, со вкупна моќност од околу 1.000 коњски сили. Возачот не користи стандарден волан, туку специјален електронски џојстик, додека непосредната околина и мртвите агли се следат преку систем од надворешни камери со висока резолуција. Возилото е целосно функционално и може да се движи по јавните автопатишта во Обединетите Арапски Емирати, но бидејки со ширината зафака две цели сообракајни ленти, секое излегување на пат бара задолжителна специјална полициска придружба. Денес е главна звезда во Музејот на историјата на теренски возила во Шарџа, каде секојдневно привлекува илјадници зачудени туристи од целиот свет.


Коментирај анонимно