Мајка ослабела речиси 90 килограми од страв дека ќе ги расипе свадбените фотографии на својата ќерка

Кеј Лејк (53) со години живеела со страв од фотоапаратот. Кога нејзината ќерка Џес го одредила датумот за свадбата, тој страв станал пресвртница. Од 153 килограми, Лејк успеала да се симне на 68 килограми, токму навреме за големиот ден. Наместо да се крие зад другите, сакала да застане покрај невестата како горда мајка.

Мајка ослабела речиси 90 килограми од страв дека ќе ги расипе свадбените фотографии на својата ќерка

Од конфекциски број 26 до број 12, со признание „Жена на годината 2026“

Промената не била само на вагата. Лејк морала целосно да ја замени гардеробата откако изгубила дури половина од својата телесна тежина. За овој успех, организацијата „Slimming World“ ја прогласила за „Жена на годината 2026“.
„Почнав да имам проблеми со тежината откако на 19 години го запознав мојот поранешен сопруг. Како што влеговме во секојдневна рутина, престанав да се грижам за себе и со текот на времето килограмите постепено се таложеа“, раскажува Кеј.

Од конфекциски број 26 до број 12, со признание „Жена на годината 2026“

„Враќав повеќе отколку што сум изгубила“

Години наназад, слабеењето за неа било круг што постојано се повторувал. Ќе намалела дел од тежината, но чувството дека нешто си ускратува ја враќало назад кон старите навики.
„Потоа поголемиот дел од животот го поминав обидувајќи се да ослабам. Понекогаш успевав да симнам малку тежина, но секогаш чувствував дека нешто пропуштам и порано или подоцна ќе им се вратев на старите навики. Пред да станам свесна, враќав повеќе отколку што сум изгубила.“

„Враќав повеќе отколку што сум изгубила“

Скали, туширање и секојдневие што ја оставале без здив

Тежината почнала да го диктира секој дел од нејзиниот ден. Болките во зглобовите, заморот и повлекувањето од луѓето станале секојдневие.
„Живеев во постојани болки поради притисокот што тежината им го правеше на моите зглобови. Најобични активности, како качување по скали или туширање, ме оставаа без здив и исцрпена. Постепено се изолирав и од светот – престанав да излегувам и одбивав секакви планови. Едноставно вегетирав наместо да живеам.“

Скали, туширање и секојдневие што ја оставале без здив

Џес го одредила датумот во јануари 2024 година, а мајка и помислила на фотографиите

Веста за свадбата ја израдувала, но истовремено ја соочила со нешто од кое долго бегала: да биде овековечена на еден од најважните семејни денови.
„Бев воодушевена кога Џес ми кажа дека ќе се мажи, но веднаш помислив: ‘Како воопшто можам да застанам на сликите на еден од најважните денови во нејзиниот живот чувствувајќи се вака?’ Не сакав да го поминам денот криејќи се во позадина. Сакав да бидам присутна како мајка на невестата во прекрасен фустан и да уживам во секој миг.“

Џес го одредила датумот во јануари 2024 година, а мајка и помислила на фотографиите

Од бургери со помфрит до овесна каша, пилешка салата и домашни болоњезе

Во февруари 2024 година се приклучила на локална група за поддршка во Сеџли и целосно ги сменила прехранбените навики.
Претходно, нејзиниот вообичаен ден изгледал вака: банана и чипс за појадок, сендвич со шунка, сирење и мајонез со чипс и десерт за ручек, а за вечера брза храна или бургери со помфрит. Денес денот го започнува со овесна каша, за ручек јаде домашна пилешка салата, а сама од свежи намирници подготвува шпагети болоњезе и здрави јадења без глутен.
Како што килограмите се намалувале, така растела и самодовербата. Жената која претходно минувала часови лежејќи на каучот почнала редовно да пешачи, а прошетките станале неизбежен дел од нејзиниот секојдневен ритам.

Од бургери со помфрит до овесна каша, пилешка салата и домашни болоњезе

„Бев меѓу последните што го напуштија подиумот за танцување!“

Целта ја постигнала во април оваа година, а само три месеци подоцна гордо и среќно зачекорила на свадбата на својата ќерка. Наместо ден поминат во криење, добила спомен на кој ќе се навраќа со радост.
„Денот на свадбата на Џес беше еден од најубавите денови во мојот живот. Бев толку горда што можев да уживам во секој миг – всушност, бев меѓу последните што го напуштија подиумот за танцување! Се чувствував сигурна во себе, убава и искрено среќна. Веќе не сум затворена дома, повторно вистински живеам и со нетрпение чекам да видам што ми носи следното поглавје“, заклучува преродената мајка.

„Бев меѓу последните што го напуштија подиумот за танцување!“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *