Еди Рама порача: Бугарите треба да влезат во македонскиот Устав, нема повеќе причина за несогласувања

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека прашањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав треба да биде затворено, бидејќи, според него, обврската веќе е утврдена со договорот постигнат со посредство на Франција.

Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), Рама истакнал дека не гледа причина Скопје и Софија да продолжат со несогласувањата околу ова прашање.

„Сметам дека сега нема причина за несогласување, бидејќи потребата бугарското малцинство да биде внесено во Уставот на Македонија е сосема јасна. Тоа произлезе од договорот меѓу двете земји“, изјавил албанскиот премиер.

Со ваквиот став, Рама повторно ја нагласил важноста на уставните измени во контекст на договорените чекори за европската интеграција на Македонија.

Покрај односите меѓу Македонија и Бугарија, албанскиот премиер зборувал и за случувањата во сопствената земја. Во Албанија, според пренесените информации, речиси половина година се одржуваат антивладини протести.

Незадоволството првично било поврзано со инвестициски проект во кој се споменува Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Со текот на времето, протестите прераснале во пошироко движење против владата, а демонстрантите почнале да бараат и оставка од Р

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *