Ја заменив прескапата Британија за тропски рајски остров каде киријата е само 200 евра месечно
Една Британка решила целосно да го смени животот и ја напуштила Велика Британија за егзотичен остров, каде месечната кирија изнесува само 200 фунти. Благодарение на тој избор, таа годишно заштедува импресивни 10.800 фунти само на сметки и трошоци за домување.
Сара Бургард, 58-годишна менаџерка на студио за внатрешен дизајн, почувствувала дека секојдневните трошоци во татковината станале неподносливи. Во октомври 2024 година ги спакувала куферите и се преселила на островот Ломбок во Индонезија.

Содржина:
Од 1.300 фунти месечно во Британија до 400 фунти на Ломбок
Во Велика Британија, Сара секој месец плаќала околу 500 фунти само за сметки и режиски трошоци, покрај ратата за стан. Во Индонезија, нејзините вкупни режиски трошоци се намалиле на едвај 200 фунти, додека киријата за убав дом изнесува дополнителни 200 фунти. Така, наместо 1.300 фунти месечно како во Британија, сега троши едвај 400 фунти и заштедува по 900 фунти секој месец.
„Сè е во животниот стил што сега конечно можам да си го дозволам. Секојдневните трошоци се драстично пониски, повеќе не морам да гледам на секој потрошен денар и да се грижам дали имам пари за греење или за храна. Живеам опкружена со природа и прекрасни луѓе“, раскажува Сара, која потекнува од Бристол.

„Одеднаш моите вештини, животно искуство и знаење се исклучително барани овде“
Сара работела во областа на дизајнот уште од 2014 година, пред да пресече и да замине за Индонезија. На островот, вели таа, се чувствува ценета и почитувана како никогаш претходно.
„Јас сум жена во своите педесетти години и одеднаш моите вештини, животно искуство и знаење се исклучително барани овде. Како жена во зрели години во Британија, полека почнувате да се чувствувате невидливи, само една личност во огромната толпа. Во Индонезија, постарите луѓе уживаат посебна почит, нивното искуство се вреднува и тоа создава неверојатно чувство на припадност“, објаснува таа.
Пред дваесет години живеела во Џакарта поради службени обврски, но овојпат барала мир и релаксација за следната етапа од својот живот. Кога пристигнала на Ломбок, веднаш сфатила дека тоа е вистинското место.

Ручек на песочна плажа за 8 фунти, скутер за 60 и масажа од час и половина за 10
Секојдневието на Сара сега изгледа сосема поинаку: океан, јога, движење и помалку стрес околу сметките.
„Трошоците за живот овде се непрепознатливо пониски. За комплетен ручек со пијалак на прекрасна песочна плажа плаќам само 8 фунти. Изнајмувам прекрасен скутер за 60 фунти месечно и уживам во секој ден“, додава таа, нагласувајќи дека се чувствува како кралица.
Покрај финансиската заштеда, нејзиното ментално и физичко здравје драстично се подобрило. На островот редовно плива во океанот, вежба јога и оди на професионална масажа еднаш неделно, плаќајќи само 10 фунти за третман од час и половина. За споредба, во Британија за истата услуга издвојувала по 90 фунти за еден час. Фризерските услуги со шишање и боење на косата ја чинат само 30 фунти, додека дома истата услуга ја плаќала 120 фунти.
„Никогаш не сум била личност што работи исклучиво за пари, туку ја работам својата професија со љубов. Сега можам да уживам во таков исполнет живот без постојан стрес на сметката. Ова беше најдобрата одлука што можев да ја донесам за мојата иднина“, заклучува Сара.


Коментирај анонимно