Вселенскиот патријарх Вартоломеј облече раскошна одежда со македонскиот Вељушки крст – дали е ова таен подарок од Македонија?

На свечените архијерејски одежди на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј се појавува препознатлив мотив на македонскиот Вељушки крст, чиј изворен лик потекнува од фасадата на манастирот „Света Богородица Елеуса“ во струмичкото село Вељуса.
Официјалните фотографии од патријаршиските богослужби покажуваат дека поглаварот на Цариградската патријаршија во повеќе наврати ја носел токму оваа впечатлива одежда, што го отвора прашањето дали зад неа стои македонска изработка, црковен дар или внимателно избран симбол.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј облече раскошна одежда со македонскиот Вељушки крст - дали е ова таен подарок од Македонија?

На 21 ноември во „Панагија од Пера“ се виде белата одежда со црвен, црн и златен вез

Последната фотографија беше објавена од грчкиот црковен портал „Фос Фанариу“ (Φως Φαναρίου), од свечената литургија во храмот „Панагија од Пера“ во Истанбул, одржана по повод големиот христијански празник Воведение на Пресвета Богородица, кај народот познат како Пречиста.
Сепак, ова не е прво јавно појавување на Вартоломеј со овој македонски духовен симбол. Истата бела одежда со црвен, црн и златен вез патријархот ја носел и на официјалните фотографии за Божикното патријаршиско послание.

На 21 ноември во „Панагија од Пера“ се виде белата одежда со црвен, црн и златен вез

Крстот од 1085 година денес е еден од знаците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Вељушкиот, познат и како Струмички крст, претставува раскошна двочленска плетеница со еднакви краци. Тој бил вграден во фасадата на вељушката црква уште во далечната 1085 година од страна на струмичкиот епископ Мануил.
Во поново време, овој уникатен крст стана еден од најпрепознатливите заштитни знаци и официјални симболи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка крај Скопје, монашкото сестринство веќе со години рачно изработува посебен и исклучително баран модел на архијерејски и свештенички одежди наречен „Вељуса“. На овие одежди, крстот со плетеницата се везе како симбол на вечниот живот и Царството небесно.

Крстот од 1085 година денес е еден од знаците на Македонската православна црква - Охридска архиепископија

Рајчица уште во 2012 година му подари рачно украсена митра на Вартоломеј

Засега нема официјална потврда дали конкретната одежда на Вартоломеј е сошиена во Македонија, дали станува збор за моделот „Вељуса“ од манастирот на Матка или, пак, претставува официјален дар од синодот на МПЦ-ОА по повод надминувањето на црковниот спор.
Познавачите на црковните прилики истакнуваат дека појавувањето на ваков препознатлив македонски мотив на одеждата на првиот меѓу еднаквите во православниот свет никако не може да биде случајност.
Во јавноста веќе е добро познато дека патријархот Вартоломеј со голема почит носи и архијерејски митри изработени во македонскиот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, кој е метох на Бигорскиот манастир. Првата рачно украсена митра му беше врачена во 2012 година од страна на тогашниот јеромонах, а денешен митрополит, Јосиф, во име на игуменот Партениј и матурантите од Македонската православна богословија, заедно со специјален дар од Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *