Пред 20 години го маѓепса светот со својата ретка боја на очи, а денес има ќерка со уште поубави очи – погледнете како изгледа!
Пред околу две децении, една фотографија од Папу Деви, тогаш млада и прекрасна Индијка, го обиколи светот. Многумина се восхитуваа на ретката, нереална боја на нејзините очи, тврдејќи дека се „најубавите на планетата“.
Фотографијата настанала откако еден фотограф случајно ја забележал за време на традиционалниот саем во Пушкар, каде што Папу работела како улична продавачка.

Содржина:
Разгледници низ цела Индија со лице чие име речиси никој не го знаел
Фотографијата станала толку позната што набрзо почнала да се печати на разгледници и сувенири што се продавале низ цела Индија.
Ликот на младата Папу станал препознатлив ширум светот, иако никој не знаел која е таа всушност. Но, нејзиниот мистериозен поглед и необичната боја на очите, налик на оние што ги имаат тигрите, биле доволни за да ја маѓепсаат јавноста.

Без надомест и признание, Папу останала во Пушкар со мал уличен штанд
И покрај светската слава на оваа фотографија, Папу никогаш не добила никаков надомест ниту признание, а нејзиниот живот останал речиси непроменет. Таа останала во Пушкар и продолжила да живее едноставен живот.
Денес, две децении подоцна, омажена е за возач на сафари и води мал уличен штанд на кој продава рачно изработени торби со огледалца и сувенири.
Само по некој турист одеднаш ќе сфати дека тие очи и тој лик веќе некаде ги видел. А кога меѓу сувенирите на нејзината тезга ќе здогледа разгледници со фотографијата на Папу од младоста, работите стануваат сосема јасни.

Две од трите ќерки го наследиле погледот поради кој мајка им стана легенда
Нејзиниот легендарен портрет повторно стана вирален на социјалните мрежи, заинтригирајќи ги новите генерации корисници. Тоа го оживеа интересот за убавата Индијка и за нејзиниот живот.
Се испостави дека две од нејзините три ќерки ја наследиле токму таа иста ретка, прекрасна боја на очи — карактеристика што буди љубопитност и го привлекува вниманието на минувачите.
Девојчињата често и помагаат на тезгата, а туристите кои поминуваат неретко остануваат изненадени од нивниот поглед и ги прашуваат дали носат контактни леќи во боја.


Коментирај анонимно