Трудница истрчала седум маратони за време на бременоста: „Знам колку лудо звучи ова!“
Една идна мајка наместо да ја помине бременоста одмарајќи во исчекување на своето бебе, заврши со истрчани вкупно седум маратони. Дирдри Кин се нафати на џиновски предизвик и ги заврши седумте најголеми светски маратони, трчајќи ја секоја трка со бебето во стомакот.
Оваа 38-годишна жена го заврши својот последен маратон пред породувањето на маратонот во Њујорк, претходно овој месец, со време од 4 часа и 6 минути, и тоа во 34-тата недела од бременоста. Пред тоа веќе ги истрча Токио, Бостон, Лондон, Сиднеј, Берлин и Чикаго.
„Знаев колку е бизарно да трчаш маратон во 34-тата недела од бременоста, но исто така знаев во колкава кондиција бев и колку бев свесна за своето тело во овој момент. И иако е многу необично, јас не бев првата жена што некогаш го направила ова“ – изјави таа.

Содржина:
По свадбата со Брајан таа не ги стави фитнес целите на пауза
Кин очекувала дека можеби ќе биде потребно време за да забремени, па продолжила со плановите како страсна тркачка. Се пријавила за дури 11 трки во 2026 година: сите седум главни светски маратони, два ултрамаратони, еден Ајронмен триатлон и еден планински трејл маратон во Ирска, иако со сопругот активно работеле на бебе.
Но, кога одеднаш добила се за што сонувала, морала да донесе одлука.
„Во моите мисли, 2026 година требаше да биде мојата година за остварување на сите големи животни желби. Си реков, ова ќе биде мојот последен голем подвиг пред да се смирам, да забременам и да станам мајка“ – вели таа.

Токио го истрча без да знае дека е бремена
Првиот маратон го завршила во март, целосно несвесна дека веќе носи бебе. Дури на трките во Бостон и Лондон во април сфатила дека не се чувствува како што треба. Тестот за бременост потврдил дека е бремена и таа била пресреќна.
По разговорите со Брајан, решила дека нема целосно да се откаже од трчањето. Се откажала од Ајронмен трката и од ултрамаратонот, но решила да се обиде да ги истрча останатите маратони, постојано следејќи како се чувствува нејзиното тело.
„Брајан на почетокот разбирливо беше скептичен и загрижен. Ниту еден од нас целосно не ги разбираше физичките ограничувања на бременоста и зошто постојат. Истражувањата што ги пронајдовме беа изненадувачки ограничени и фрустрирачки. Затоа решивме да одиме маратон по маратон, без да форсирам брзина и секогаш имајќи го одењето како резервна опција“ – признава Дирдри.
Се консултирала со својот лекар, ветила дека ќе ги почитува сите здравствени совети и продолжила ден по ден.

Во Њујорк помина покрај болницата каде што треба да се породи
Дирдри го завршила маратонот во Сиднеј во 25-тата недела од бременоста, Берлин во 29-тата недела и Чикаго во 31-вата недела, пред конечно да финишира во Њујорк во 34-тата недела.
Трката во нејзиниот роден град била најголемата грижа, бидејќи стомакот веќе станал забележлив. Пријателите ја бодреле долж патеката, додека Брајан застанувал на повеќе пунктови за да и донесе вода.
„Маратонската патека на околу 25,7 километри поминуваше на само еден блок од болницата Вајл Корнел каде што треба да се породам, па постојано паѓаа шеги дека можам само да свртам таму и да се породам, или да ја тестираме обученоста на медицинските волонтери на патеката со едно необично породување среде трка“ – се шегува таа.


Коментирај анонимно