Татко и син брутално нападнаа доктор и медицинска сестра во Скопје – Здравствените работници бараат итна заштита и затворски казни!

Физички напад врз дежурен доктор и медицинска сестра од Службата за итна медицинска помош пред поликлиниката „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром ја потресе јавноста и предизвика лавина остри реакции кај целата медицинска фела.
Според првичните информации, напаѓачи биле татко и син кои барале итен транспорт на нивен роднина до Клиничкиот центар. Вербалната расправија брзо ескалирала во физичко насилство, при што на здравствените работници им биле нанесени телесни повреди.

Татко и син брутално нападнаа доктор и медицинска сестра во Скопје - Здравствените работници бараат итна заштита и затворски казни!

„Напад врз службено лице“ за кој е предвидена казна затвор до пет години

Лекарската комора веднаш излезе со жестока реакција, најостро го осуди немилиот настан и упати апел до надлежните органи за итно расчистување на случајот и најстроги казни за сторителите.
„Бараме Министерството за внатрешни работи и надлежните правосудни органи итно и целосно да го расчистат случајот и најстрого да ги санкционираат сторителите, во согласност со законските одредби со кои нападот врз здравствен работник при вршење на професионалната дејност се третира како кривично дело, напад врз службено лице, за кое е предвидена и казна затвор до пет години“, порачаа од Лекарската комора.
Веднаш реагираа и од Здружението на лекари и специјализанти (ЗЛС), од каде што упатија директен повик до Министерството за здравство за воведување трајни законски решенија и заштитни мерки.
„Јавно го повикуваме Министерството за здравство да иницира законско решение со кое физичкото обезбедување ќе стане задолжително во сите здравствени установи во државата. Бараме ова прашање конечно да се третира како приоритет, а не да се отвора само по секој нов инцидент. Потребни се конкретни законски механизми за заштита на здравствените работници, јасно дефинирани обврски за здравствените установи и соодветни услови за безбедно извршување на здравствената дејност“, соопштија од ЗЛС.

„Напад врз службено лице“ за кој е предвидена казна затвор до пет години

Над 70 отсто од докторите во Македонија се соочиле со насилство на работното место

Бруталниот напад го осуди и Унијата на медицински сестри „За нас“, од каде што исто така побараа од раководствата на здравствените установи и министерството да преземат суштински чекори.
„Како Сојуз, бараме од Министерството за внатрешни работи и надлежните правосудни институции итно и целосно да го расчистат случајот, да ги утврдат сите околности и да преземат соодветни законски мерки кон сторителите. Истовремено, апелираме до Министерството за здравство, раководствата на здравствените установи и сите надлежни институции да преземат конкретни и системски мерки за зголемување на безбедноста на здравствените работници на нивните работни места“, истакнаа од Унијата на медицински сестри.
Загрижувачките податоци од последната анкета спроведена меѓу лекарите во Македонија покажуваат дека над 70 отсто од докторите во земјава се соочиле со некаков облик на насилство на работното место. Од нив, 80 проценти биле изложени на вербално, а речиси 7 отсто на физичко насилство.
Иако со законските измени од 2023 година секој напад врз медицинско лице при извршување на работните задачи законски се квалификува како напад врз службено лице, лекарската заедница алармира дека без континуирано физичко обезбедување и строга казнена пракса, безбедноста на персоналот останува сериозно загрозена.

Над 70 отсто од докторите во Македонија се соочиле со насилство на работното место

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *