Шок во Косово: Ја избричил главата и веѓите, излажал дека има леукемија и собрал 190.000 евра!

Полицијата во Косово уапси маж кој лажел дека боледува од тешка форма на акутна леукемија за да собере пари за наводно лекување во странство. Осомничениот Ендрит Аземи од Гњилане, преку лажна хуманитарна кампања, успеал да измами илјадници хумани луѓе и да собере повеќе од 190.000 евра. По откривањето на случајот, Основниот суд му одреди едномесечен притвор.

Шок во Косово: Ја избричил главата и веѓите, излажал дека има леукемија и собрал 190.000 евра!

Главата, веѓите и мустаќите биле дел од лажната слика за хемотерапија

За да ја направи измамата што е можно поубедлива, тој целосно си ги избричил главата, веѓите и мустаќите за да изгледа како да прима агресивна хемотерапија. Пред камерите зборувал со тивок глас и приложил фалсификувана медицинска документација од болница во Турција.

162.000 евра преку GoFundMe и уште 26.000 евра во кутии низ Гњилане

Од вкупно собраната сума, повеќе од 162.000 евра биле донирани преку меѓународната платформа GoFundMe. Околу 26.000 евра биле собрани директно во готовина, преку кутии за донации поставени на улиците, плоштадите и угостителските објекти во Гњилане.

На Блаце бил пресретнат додека се обидувал да ја напушти земјата

Измамата се расплела кога полицијата го пресретнала и го уапсила на граничниот премин Блаце, Генерал Јанковиќ, при обид да ја напушти земјата. За време на полицискиот распит, осомничениот целосно го признал делото и потврдил дека никогаш не боледувал од леукемија, ниту пак имал закажано лекување во странство.

„Ние бевме првите што бевме измамени“

Членовите на неговото семејство тврдат дека и самите биле целосно изманипулирани и дека верувале оти тој навистина се бори за сопствениот живот. Неговиот брат и татко јавно се огласија пред медиумите, изразувајќи огромен срам и осуда за неговата постапка.
„Ние бевме првите што бевме измамени. Никогаш не помисливме дека некој може да лаже за ваква смртоносна болест. Ги молиме сите луѓе да ни простат, бидејќи и ние живеевме во заблуда“, изјави неговото семејство, кое по откривањето на скандалот се соочува со закани од револтираните граѓани.

Онлајн донациите ќе се враќаат, локално собраните пари се замрзнати

Надлежните институции веќе покренаа постапка за враќање на парите донирани преку онлајн платформата GoFundMe. Парите собрани на локално ниво се замрзнати со судска одлука и ќе им бидат вратени на донаторите или пренасочени за вистински болни лица.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *