Пазарувајте за себе, помогнете им на другите: Три причини да го посетите dm на 27 ноември!

Додека последниот петок во ноември ширум светот е познат по големите попусти и атрактивните шопинг-понуди, dm веќе осма година по ред му дава поинакво значење на овој ден. Наместо Black Friday, компанијата ја реализира хуманитарната иницијатива Giving Friday, под мотото „Giving is the new black“.

Овој петок, 27 ноември, dm ќе донира пет отсто од вкупниот дневен промет остварен во сите свои продавници во земјата на хуманитарната организација „Св. Спас“. Средствата ќе бидат искористени за обезбедување пакети со храна за социјално загрозени сограѓани. Во продолжение ви откриваме три причини зошто токму овој петок вреди да го направите вашето купување во dm.

Придонесувате за конкретна хуманитарна цел

Без разлика дали купувате производи за лична нега, козметика, производи за одржување на домаќинството или нешто за најблиските, вашето купување на 27 ноември ќе биде дел од хуманитарната иницијатива. Со издвојување на пет отсто од вкупниот дневен промет, dm ќе придонесе за обезбедување основни прехранбени производи за сограѓаните на кои им е потребна поддршка. На овој начин, едно вообичаено купување добива дополнителна вредност.

Пазарувате по поволни цени

За да бидете дел од Giving Friday, не е потребно да издвоите дополнителни средства или да купите одреден производ. Доволно е вашето планирано купување да го направите во која било dm продавница на 27 ноември. Благодарение на концептот „Секогаш поволно“, во dm можете да ги пронајдете производите за вашите секојдневни потреби по поволни цени во текот на целата година, а овој петок со вашето купување ќе придонесете и за хуманитарната цел.

Станувате дел од традиција

Од своето прво издание во 2019 година, Giving Friday претставува начин на кој dm ги вклучува своите купувачи во општествено одговорното дејствување на компанијата. Осум години по ред, иницијативата ја пренесува пораката дека денот кој вообичаено е посветен на купувањето може да биде и повод за солидарност и поддршка на заедницата. Секое купување, без разлика на неговата вредност, придонесува кон вкупниот промет од кој се издвојува донацијата.

Овој петок, 27 ноември, посетете ги продавниците на dm и станете дел од осмото издание на Giving Friday. Направете го вашето редовно купување, а dm ќе се погрижи дел од остварениот промет да се претвори во конкретна помош за социјално загрозените сограѓани преку хуманитарната организација „Св. Спас“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *