Има 60 години, не користи ботокс, ниту оди в теретана: Салма Хајек ја откри својата бизарна тајна за младост – „Пајаците се неверојатни“!
Салма Хајек во септември го прослави својот 60-ти роденден, а комплиментите за нејзиниот младешки изглед не стивнуваат. Но, зад тоа не стои строга диета, ниту часови поминати во теретана. Актерката зборува за поинаква рутина: умерена исхрана, редовна нега на кожата и внимателно слушање на сопственото тело.
Содржина:
- Смутито во кое заедно влегуваат папаја, црвена пиперка, целер и путер од бадеми
- Во мексиканската куjна не бега од штурци, јаjца од мравки и црви
- Кога распоредот ќе ја исфрли од ритам, соковите и служат како „нов почеток“
- Наместо ботокс и филери, избира радиофреквенциjа, микроструjни терапии и тепесковите
- Работни денови до 20 часа и мускули активни дури и додека ги мие забите
- Масерката од Јапониjа што ја нарекува свое „таjно оружjе“
Смутито во кое заедно влегуваат папаја, црвена пиперка, целер и путер од бадеми
Хајек не брои калории и не си ја ускратува храната што ја сака. Се стреми кон разновидна исхрана, а денот најчесто го започнува со хранлив оброк.
Еден од нејзините омилени пијалаци е смути подготвено од повеќе видови овошје и зеленчук. Во него има папаја, боровинки, манго, јагоди, семки од калинка, целер, црвена пиперка и краставица, со додаток на путер од бадеми и кокос.
Во мексиканската куjна не бега од штурци, јаjца од мравки и црви
Актерката признава дека јаде и храна што за многумина може да звучи бизарно. Во интервју за „Harper’s Bazaar“, таа отворено зборуваше за традиционалната мексиканска кујна, која вклучува намирници како штурци, јајца од мравки и црви.
„Испржете ги. Сè што е пржено има добар вкус, но овие се навистина вкусни. Пајаците се неверојатни“, изјави Хајек.
Кога распоредот ќе ја исфрли од ритам, соковите и служат како „нов почеток“
Кога стресот и набиениот распоред ќе доведат до тоа да јаде повеќе отколку што би сакала, Хајек повремено прибегнува кон детоксикација со сокови за да ги ресетира своите навики.
„За мене тоа е како медитација. Ме тера да застанам, да се фокусирам и да размислам што внесувам во своето тело. Тоа е мојот начин за нов почеток“, истакна актерката.
Наместо ботокс и филери, избира радиофреквенциjа, микроструjни терапии и тепесковите
Кога станува збор за негата на лицето, Хајек вели дека не користи ниту ботокс, ниту филери. Таа ги избегнува инвазивните естетски процедури, но користи современи неинвазивни третмани, конкретно радиофреквенција и микрострујни терапии, кои помагаат во подобрување на цврстината на кожата и намалување на видливите знаци на стареење.
Значајна улога во нејзината секојдневна рутина има и „тепесковите“ (tepezcohuite), состојка добиена од кората на дрво што расте во Мексико. Таа традиционално се користи за регенерација на кожата и, според Хајек, кај неа дава одлични резултати.

Работни денови до 20 часа и мускули активни дури и додека ги мие забите
Салма Хајек не е љубител на конвенционалното вежбање, за кое често нема време поради напорните снимања.
„Немам време за вежбање, работам. Понекогаш моите работни денови траеле и до 20 часа“, изјавила таа за списанието People.
Затоа пронашла поинаков начин да остане активна: посветува големо внимание на држењето на телото и се труди да ги активира мускулите за време на секојдневните обврски. Додека престојувала во Лондон, работела со инструктор кој ја научил како да ги активира мускулите дури и при наједноставните задачи, без воопшто да стапне во теретана.
„Дури и кога ги миете забите, вашите мускули можат да бидат активни“, објаснила таа. Покрај тоа, редовно практикува реставративна јога за опуштање на телото, а на лентата за трчање, наместо да трча, претпочита да танцува.

Масерката од Јапониjа што ја нарекува свое „таjно оружjе“
Покрај исхраната, негата на кожата и движењето, актерката не ги занемарува одморот и закрепнувањето.
„Имам терапевт за масажа, но таа живее во Јапонија и го посетува Лондон само повремено. Кога е тука, таа е моето тајно оружје. Масажата ја стимулира циркулацијата, помага во снабдувањето на мускулите со кислород и е одлична за лицето, особено за лимфна дренажа“, открива Хајек.

Коментирај анонимно