Важно за македонските студенти што планираат да студираат во Софија: Во 80 отсто од домовите нема топла вода и парно, а студентите се тушираат по теретани

Студентите сместени во домовите во познатиот софиски комплекс „Студентски град“ веќе со недели живеат без нормално греење и топла вода. Тоа е реалност со која треба да бидат запознаени и македонските средношколци што планираат да ги продолжат студиите во бугарската престолнина.
Дел од станарите греат вода со електрични бокали и грејачи, собите ги затоплуваат со греалки, а за да се истушираат одат во теретани или се враќаат дома.
„Греам вода со разни грејни тела, се туширам во теретаната во која одам“, раскажал студентот Николај Георгиев за Бугарската национална телевизија (БНТ).
Според него, сметките за струја веќе драстично пораснале поради дополнителните грејни уреди.
„Треба да се размисли за обесштетување на студентите за сметките, бидејќи во моментов седиме на студено“, апелирал тој.

Важно за македонските студенти што планираат да студираат во Софија: Во 80 отсто од домовите нема топла вода и парно, а студентите се тушираат по теретани

Ангел Стојков за NOVA: во некои блокови нема ни парно ни топла вода повеќе од два месеца

Претседателот на Националното претставништво на студентските совети, Ангел Стојков, изјавил за телевизијата „NOVA“ дека над 80 проценти од студентските домови во „Студентски град“ имаат проблем со топлата вода.
Според податоците на „Mediapool“, речиси половина од студентите во домовите се без двете услуги.
„Веќе долго време немаме вода. Сега сум четврта година, а уште од прва година топла вода има прилично ретко“, раскажал друг студент за БНТ.
Тој додал дека понекогаш нема ни топла ни студена вода, а во дел од блоковите има и проблеми со електричната енергија.

Ангел Стојков за NOVA: во некои блокови нема ни парно ни топла вода повеќе од два месеца

Од 26 ноември санирани се над 50 дефекти, но се појавиле повеќе од 20 нови

Град Софија, „Топлофикација Софија“, Министерството за образование и претставници на универзитетите формирале кризен штаб за следење на поправките.
Иако на терен работат повеќе од 200 луѓе и над 15 екипи со тешка механизација, од „Топлофикација Софија“ не дале конкретен рок кога ќе се врати нормалното греење.
Раководствата на засегнатите универзитети побарале конкретен план со јасни рокови, итна проверка на електричните инсталации поради масовната употреба на греалки и компензација за зголемените сметки за струја. Тие предупредиле дека, во спротивно, ќе покренат судски постапки.
Во меѓувреме, протест против кризата со парното собрал жители од над 20 софиски населби.
Проблемот веќе не се сведува само на поединечни дефекти: според податоците на „NOVA“, топлинската мрежа на „Топлофикација Софија“ не е целосно обновена со децении, а долговите на претпријатието кон добавувачите и доверителите надминуваат 1,3 милијарди евра.

Од 26 ноември санирани се над 50 дефекти, но се појавиле повеќе од 20 нови

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *