Русија ја засили морнарицата со нова атомска подморница опремена со ракети „Циркон“

Рускиот претседател Владимир Путин официјално ја воведе во составот на Воената морнарица новата атомска подморница „Перм“, на свечена церемонија на подигнување на поморското знаме во северниот руски град Северодвинск, пренесува ДПА.
Со тој чин, новиот подводен крстосувач влезе во служба како дел од руската флота, во момент кога Москва продолжува да го нагласува стратешкото значење на своето морнаричко вооружување.

Русија ја засили морнарицата со нова атомска подморница опремена со ракети „Циркон“

Андреевското знаме ја означи подморницата што треба стандардно да носи „Циркон“

Церемонијата на подигнување на поморското знаме на бродовите го означува нивното официјално вклучување во составот на руската Воена морнарица. Се очекува „Перм“ да биде првата подморница чие стандардно вооружување ќе вклучува хиперсонични ракети „Циркон“.
Таа ќе биде распоредена во составот на Пацифичката флота и ќе придонесува за одбраната на рускиот Далечен Исток и арктичките територии на земјата.
„Денеска го подигнуваме руското поморско знаме – славното Андреевско знаме – на повеќенаменскиот атомски подводен крстосувач и го примаме овој нов воен брод во составот на Воената морнарица. Им честитам за овој голем и важен настан на сите што учествуваа во создавањето, опремувањето и тестирањето на оваа атомска ракетна подморница. ‘Перм’ е веќе петтиот подводен крстосувач од проектот ‘Јасен-М’ предаден на флотата во последните шест години“, изјави Путин.

Андреевското знаме ја означи подморницата што треба стандардно да носи „Циркон“

Пет нови ракетни подморници до 2030 година и порака за „светските океани“

Рускиот претседател истакна дека Русија е една од ретките држави во светот способни да градат толку моќни атомски подморници – оружје со глобален дострел и стратешко значење – и најави дека до 2030 година Воената морнарица ќе добие уште пет ракетни подморници.
Според него, флотата мора да биде подготвена да ги одбива заканите и да располага со моќен ударен потенцијал, а Русија ќе продолжи да го усовршува вооружувањето и да ги зајакнува своите позиции во светските океани.

Пет нови ракетни подморници до 2030 година и порака за „светските океани“

„Од најмалиот шраф до последниот дел“ во бродоградилиштето на Белото Море

Првиот вицепремиер на Русија, Денис Мантуров, истакна дека „Перм“ е „100 отсто руско производство – од најмалиот шраф до последниот дел“.
Бродоградилиштето „Севмаш“, задолжено за изградбата на подморниците, се наоѓа на брегот на Белото Море, во близина на Архангелск, на околу 1.000 километри северно од Москва.

„Од најмалиот шраф до последниот дел“ во бродоградилиштето на Белото Море

„Циркон“ веќе беше употребен во војната против Украина

Русија првпат ги употреби хиперсоничните ракети „Циркон“ во војната против Украина, која трае речиси пет години.
Во текот на конфликтот Русија загуби неколку воени бродови, а нејзината флота беше принудена да се повлече од западниот дел на Црното Море, потсетува ДПА.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *