Жителите на овој град во Швајцарија беа сведоци на чоколаден снег

Што би помислиле доколку ви кажеме дека чоколаден снег навистина постои? Дали би се возбудиле? Или би помислиле дека сме луди? Но, чоколадниот снег всушност постои, верувале или не. Барем за луѓето во швајцарскиот град Олтен. Еве го објаснувањето.

Пред неколку дена, Lindt & Spruengli, фабрика за чоколади лоцирана во Олтен, имаше мала несреќа. Нивната вентилација не работела како што треба, денот бил ветровит и ова довело до тоа чоколаден прав да се рашири во близина на фабриката, оставајќи сладок слој од какао.

Се вели дека има само еден „оштетен“ автомобил, а компанијата се понудила да плати за чистењето на истиот. Сепак понудата сѐ уште не е прифатена. Секако „чоколадниот снег“ не е опасен за луѓето и животната средина, така што оваа грешка била слатко и интересно изненадување.

Компанијата сега ја поправила вентилацијата и вакви работи нема да се случуваат во блиска иднина. Што за жал значи – нема повеќе чоколаден снег. Иако е добро да се знае дека компанијата не страдаше поради инцидентот.