Запознајте ја Клои, 29-годишната елегентно пополнета балерина од Англија
Клои Елиот е девојка која многу го сака балетот, современа е и користи социјални мрежи, на кои сака да се пофали со своето хоби. Клои успеала да собере 82 илјади следбеници на Инстаграм, но меѓу нив има голем број на хејтери, што ја натерале да се откаже од нејзиното хоби.
„После ваквите коментари, се чувствував безвредно, страшно во моето тело. Се чувствував како да не заслужувам можност да танцувам и уживам во тоа. Дури сакав да ги избришам сите овие видеа. Не сакав да излезам на улица“, вели Клои Елиот.
Вреди да се напомене дека коментарите како да се наатпревааруваа во својата суровост. Еден од хејтерите напиша: „Во салите за танцување и на сцената, никој не би сакал да види дебели луѓе како се тркалаат наоколу, се потат и силно паѓаат после секој скок… невозможно е да се покаже оваа леснотија кога си со прекумерна тежина“. Друг коментираше: „Да се грижите подобро за вашето здравје наместо да се откажувате и да ја охрабрувате дебелината“.
Да ја погледнеме прво Клои, па и нејзиното видео на крај.






















