Овој автомобил на две тркала од 1967 година бил далеку пред своето време затоа што сам одржува рамнотежа
Веројатно никој од вас не слушнал за генијалниот изум Gyro-X, автомобил на две тркала, за еден човек, кој бил така смислен да сам одржува рамнотежа.
Автомобилот е дело на тогаш познатиот дизајнер Алекс Тремулис и експертот за жироскопи Томас Самерс. Автомобилот станувал нестабилен кога ќе крене над 110 км/ч, што е една од причините зошто никогаш не почнал да се произведува сериски. Овој примерок е совршено добро зачуван, па да погледнеме како работи.
