Кога во Македонија ќе решиш да напредуваш во кариерата (виц)
Прочитав една добра книга за личен развој и напредок во кариерата од Ендрју Карнеги.
Решив дека следниот ден ќе ми започне со насмевки. Целото претпладне срдечно им се насмевнував на сите, максимално искрено.
По паузата за ручек, шефот ме повика во канцеларијата и ми вели:
– Уште еднаш ако дојдеш напушен на работа, ќе те отпуштам!
