Човек го праша помалиот брат со Даунов синдром да му биде кум на венчавката

Повеќето од нас кои пораснале со браќа и сестри знаат колку навистина е посебна и уникатна врската што ги поврзува браќата и сестрите. Може да се нервирате или да им се лутите, но длабоко во себе, знаете дека никогаш нема да престанете да ги сакате. И покрај сè, секогаш сакате тие да бидат среќни. Неодамна, еден човек по име Вил Клаусен објави срцезатоплувачко видео во кое го замоли својот мал брат Хенри, кој има Даунов синдром, да му биде кум на неговата претстојна свадба.

Излезе, двајцата браќа живеат во Минесота и истите се неразделни целиот живот. Според „The Know“, Вил бил првиот човек што го разбрал Хенри кога првпат прозборел и заради тоа тие формирале посебна врска.