Поучна приказна: Момчето и возот, наречен живот
Едно убаво пролетно утро во исто купе на воз се нашле млад брачен пар и повозрасен татко заедно со неговиот син. Тие не разговарале многу и уживале во возењето додека возот поминувал низ прекрасни пејсажи. Сепак момчето, кое веќе било возрасно се однесувало прилично необично за своите години.
Додека со возбуда гледало низ прозорецот извикало: „Тато погледни дрвјата се движат наназад! Тато погледни облаците трчаат со нас!“
Таткото со милост во очите го гледал неговиот возбуден син. Младиот брачен пар од спротива се зачудил за незрелото однесување на момчето и го гледале со жал.
Одеднаш мажот решил да ја прекине тишината и го прашал старецот: „Колку години има вашиот син?“
Старецот му одговорил: „Минатиот месец наполни 24, но како вчера да беше бебе.“
Жената зачудена од однесувањето и годините на момчето се вмешала: „Мислам дека на вашиот син му треба помош. Зошто не го однесете на некој добар лекар?“
Тогаш брачниот пар го доби одговорот кој не го очекуваше.
„Старецот со насмевка на лицето им одговорил: „Токму тоа и го направив, само што се враќаме од болница. Мојот син беше слеп од раѓање, тој конечно ги доби своите нови очи денес.“
Брачниот пар останал посрамено да молчи до крајот на патувањето, затоа што се осмелија да направат свои претпоставки без да ја знаат приказната.
Затоа не ги осудувајте луѓето во животот. Секој човек на овој свет има своја приказна, која вие најверојатно не ја знаете!