ОД ВОДА ДО ВОТКА: На која температура е најдобро да го разладите омилениот пијалок

Потребни се 77 минути да се излади половина литар вода во пластично шише – само за да се намали температурата од 30 на 6 Целзиусови степени.

Друга работа што треба да ја знаете е дека пијалоците работат на „деликатна рамнотежа“. Ако белото и црвеното вино не е доволно ладно, алкохолот почнува да доминира по вкус, што во црвеното вино треба да се случи, но не и во бело. За повеќето бели вина, 9 до 13 степени е оптималната температура. Нешто постудено од тоа го губи вкусот целосно, така само ќе го вкусите студот. За засладени бели вина, оптималната температура е од 10 до 12 степени.

– Ако навистина сакате да уживате во вкусот, пијалоците треба да се чуваат на температура малку под собната температура, во спротивно вкусовите ќе бидат изгубени. Запомнете дека кога луѓето велат „собна температура“, особено постари конзервативни луѓе, тие значат температури од 16 до 18 степени како што беше порано, не како денешниот просек од 21 степен – вели Алваро Дијаз, експерт за пијалоци.

Црвеното вино и ракијата треба да се чуваат на температура од 15 до 18 степени и шампањ од 8 до 10. Се претпоставува дека луѓето чуваат само пиво на оптимална температура од 6 до 8, но тоа е затоа што, смета Дијаз, луѓето не пијат пиво заради одличен вкус, тие веќе сакаат нешто освежувачко што не е вода. На ова тој додава дека не треба да пиеме пиво кога сме жедни затоа што не е добро за грлото. Прво треба да пиете вода, потоа алкохол.

Истражувачите на шега велат дека оптималната температура за џин и вотка е 2 степени, затоа што тогаш нема да доживееме вкус.

Покрај тоа, докажано е дека на пијалоците во стаклени амбалажи им е потребно двојно повеќе за да се изладат од оние во лименки. Најздраво е да пиете течности во стаклено шише или чаша, бидејќи стаклото служи како изолатор, така што го зачувува вкусот на пијалокот на најдобар начин.