Училишна верзија на „Јако Јако“ од Лозано: Момците од „2Be“ будат носталгија за училишните денови со нивната креативна преработка

Факт е дека сите го пропуштивме првиот училишен ден, без разлика дали одамна сме завршиле со училиште или допрва треба да ги пратиме нашите најмили, но секако едно е сигурно, ни недостасуваат „нормалните денови“ кога сѐ се одвиваше непречено. Браќата Љупче и Тино од „2Be“ знаат точно како да нѐ вратат во училишните клупи и тоа со помош на музика. Погледнете ја креативната преработка на „Јако Јако“ од Лозано и уживајте во моментот.