Џими бил на работ да се удави, но го спасил брод полн со свештеници и алкохол
Поранешен боксер Џими Мекдоналд веслал со својот кајак низ езерото Џорџ „медитирајќи и фотографирајќи“ кога одеднаш без да примети се оддалечил од сопругата и нејзините деца. Додека се обидувал да се врати кај своето семејство водата станала немирна и го изгубил веслото.

Во наредниот момент и кајакот на Џими се превртел, а за да бидат работите полоши елекот за спасување не му бил точен и се заглавил над неговата глава. Цврсто држејќи се за кајакот со едната рака, џими се трудел со другата да го држис војот нов паметен телефон од 1400 долари надвор од водата.
Тој продолжувал да се обидува да го преврти кајакот, но не успевал. Неколку луѓе поминале покрај него и го прашале дали му е потребна помош, но тој ги одбил, затоа што вели дека бил премногу горделив. Но, наскоро сфатил дека требал да ја проголта гордоста и да ја прифати помошта.

„Мислев дека ќе умрам. Бев апсолутно немоќен и посакував да побарав помош порано. Мавтав со раката и го замолив Бог да ми помогне. Јас сериозно мислев дека ќе се удавам. И тогаш, на аголот на моето око, го видов Тики бродот.“, вели Џими.
Советникот за лекувани зависници од дрога, Џими е поранешен алкохоличар кој се опоравува и е трезен седум години и не можел да поверува дека неговите спасители доаѓаат во Тики брод (брод за забава со алкохол). Забавата беше составена од група свештеници, кои престојувале во католички ресорт во околината на езерото.

Џими веќе бил исцрпен и не можел ниту да доплива до бродот, но за среќа го фатиле за рака и го извлекле и Џими и неговиот „скап телефон“. Откако Џими бил безбедно на бродот, свештениците изговориле молитва за него и ја слушнале неговата приказна за закрепнување. Џими гледа на неговото надреално спасување како знак дека Бог имал „вистинска причина“ за тој да остане на Земјата.
