Татко спиел 25 дена пред болницата додека не го донел своето бебе дома
Посветен татко спиел на улица пред болницата само за да може да биде близу до своето бебе, коие било сместено во болницата поради проблеми со срцето.
35-годишниот Мајкл Волш помина 25 дена во шатор Квинс Сквер во Лондон, пред болницата „Грејт ормонд стрит“, каде што бил неговиот син Лиам.
Лиам бил роден со само 700 грама и срцето му било само 20% од соодветната големина. Како резултат на тоа, тој ги помина првите седум месеци од животот во болница. Храброто момче преживеало седум операции во текот на неговиот мал живот, но неговото срце застанало на 43 минути за време на една од трауматските процедури.
„Болницата ми понуди куќа во близина со други семејства, но состојбата во која бев не можев. Требаше да бидам што е можно поблиску до мојот син, затоа купив шатор сè додека не го одведам дома. Мислам дека беа околу 25 дена.“, вели Мајкл.
Наместо тоа, Мајкл си купил шатор од 40 евра и секое утро станувал и купувал појадок за луѓето кои исто така спиеле како него и потоа одел да го посети синот. Лиам сега има 18 месеци и му оди одлично.
Откако Мајкл се вратил дома со бебето решил и тој како неговите двајца браќа близнаци да влезе во рингот како боксер и да собере пари за трите болници во кои се лекувал неговиот син за да им се заблагодари што му го „вратиле детето од мртвите“.