Снег падна во Колорадо само 48 часа откако беа измерени рекордни горештини и ова докажува дека сѐ е можно во 2020
Времето полудува во Колорадо. Вие не би помислиле дека само неколку дена можат да донесат такви радикални промени, но локалното население е збунето од необичните 48 часа што ги имале оваа недела: од екстремно жешко време до снег. Климатскиот центар во Колорадо наведува дека една станица во југоисточниот дел на државата известила дека има 40 степени Целзиусови, а само 48 часа подоцна бил измерен снег од 9,9 сантиметри. Се разбира, количината на снег варираше од област до област: некои места добија само еден сантиметар, додека други се восхитуваа на скоро 30 сантиметри снег.

Во меѓувреме, локалното население пријави масивни температурни промени од 15,5 до 21 степени Целзиусовиза нешто помалку од еден ден. Сега, тие објавуваат фотографии кои покажуваат колку различен стана Колорадо: од апокалиптично црвено и портокалово небо до божиќен снег.

Директорот на климатскиот центар во Колорадо, Рас Шумахер, ги објаснува ненадејните температурни промени: „Првата недела од септември бевме под огромен гребен на висок притисок низ западниот дел на САД, а потоа многу силен систем со низок притисок падна јужно по источната страна на тој висок притисок, носејќи многу ладен воздух кон југ. Тој гребен под висок притисок останува над западниот брег и придонесува за невидени пожари во Калифорнија и Орегон, додека ние поставувавме рекорди за ран снег и студ.“









