Мајка од Норвешка не цензурира како навистина изгледа мајчинството во нејзините илустрации
Да се биде родител може да звучи како авантуристичко патување за кое повеќето од нас би се пријавиле во одреден момент од животот, но во реалноста, идилата може да пукне во секој момент. Џејд Норхалд мајка на Абел и сопственичка на кучето Аби од Норвешка, го знае тоа премногу добро. Така, еден ден, таа зеде пенкало и започна да ги црта хумористичните моменти од нејзините секојдневни борби.
















