Овој робот од 2 метри кој работи во продавница е доказ дека Јапонија е „светлосни години“ понапредна од остатокот од светот

Токму кога помисливме дека 2020 година не може да биде почудна, роботи од 2 метри сега редат полици во популарните продавници низ Јапонија. Неколку јапонски продавници одлучија да ги тестираат како начин за борба против недостигот на работна сила во земјата.

FamilyMart, втор по големина синџир маркети во Јапонија, соработуваше со компанијата за роботика Телексистенс за создавање на Model-T – андроидско „момче за редење стоки“, именувано по славниот автомобил на Хенри Форд.

Роботот е всушност поврзан со човечки оператор, кој е во состојба да управува со движењата на Model-T од далечина користејќи виртуелна реалност. 2 метри високиот Model-T има широк опсег на движење, неопходен за подигнување и движење на производи, со време на заостанување од само 50 милисекунди помеѓу операторот и роботот.

Model-T ќе им овозможи на продавниците „да работат со помал број на работници и ќе им овозможи да регрутираат вработени без оглед на физичката локација на продавницата“, се вели во соопштението на Телексистанс.

За време на пилот програмата на FamilyMart, оператор влезе во терминал за виртуелна реалност од седиштето на Telexistence, каде што далечински управува со роботот оддалечен километри од него.

И иако роботот воопшто не ја отстранува потребата за човечки вработени, еден оператор би можел теоретски да биде одговорен за движењата на повеќе роботи во голем број продавници – се додека тие го имаат истиот распоред и инвентар.