Ученици направија тест за микроорганизми на леб и резултатите не се баш „најубавото нешто“ што ќе го видите денес

Неизмиени раце може да доведат до ширење на обичната настинка – веќе толку распространета во овој период од годината -, како и труење со храна и други посериозни болести. Секако, понекогаш може да биде тешко да се визуелизира ефектот на бактериите со човечкото око. Но, благодарение на една професорка и група ученици детално ќе можете да се уверите како се развиваат микробите.

Џерал Анис Метклаф решила да им предаде на своите ученици важна лекција за здравјето и хигиената за да им помогне во сезоната на грип. Тие земале 5 парчиња обичен бел леб, при што на секое парче било прикажано како може да се развијат бактерии под различни околности.

Учениците допреле едно парче откако ги измиле рацете со сапун и топла вода, второто го допреле откако ги измиле рацете со средство за дезинфекција на рацете. Едно парче останало недопрено, додека друго било допрено со неизмиени раце. Петтото „најнесреќното“ парче било користено да се избришат лаптопите во училницата.

Ги избришале училишните лаптопи

Свежо и недопрено

Валкани раце

Сапун и вода

Средство за дезинфекција на раце