Изгледа како тинејџер, но всушност овој човек има 32 години, вработен е и има долга врска

Според изводот на родените, Денис Вашурин, од Русија, е роден 1988-та година, но на прв поглед би помислиле дека штотуку влегол во пубертет. Неговиот организам престанал да се развива и да расте уште кога тој бил на 13-годишна возраст и затоа денес изгледа токму како тинејџер.

Денис ја стекна својата популарност на руските социјални мрежи по интервјуто со популарниот јутјубер Васја. Никој не може да поверува дека овој човек зачекорил во четвртата деценија од животот затоа што изгледа неверојатно младо. Тој признава дека сите се шокираат кога ќе дознаат колку години има и затоа претпочита да живее на село наместо во град. Таму сите го познаваат и тој може да го работи она што го сака, да оди на лов и риболов и да поминува време со својата сакана девојка, а притоа е вработен во електродистрибуција.

Тој тврди дека неговите родители забележале дека тој не бил како другите деца уште кога бил момче. Отсекогаш бил најмал, за разлика од неговите врсници, но тоа на Денис воопшто не му пречело. Бил хиперактивен и можел да стори сé што можат и другите деца.

„Кога сфатив дека повеќе нема да се менувам физички, најпрво се чувствував малку непријатно. Размислував како ќе биде сè, како ќе тече мојот живот, дали ќе ми биде тешко.“ – вели Денис.

Иако живее претежно нормален живот и покрај неговиот необичен младешки изглед, Вашурин признава дека понекогаш мора да ја објасни и докаже својата вистинска возраст. Се сеќава дека еднаш бил запрен од сообраќајната полиција и бил осомничен дека ја фалсификувал возачка дозвола. По потврдата на датумот на раѓање, сообраќајниот полицаец започнал да се шегува за тоа колку изгледа младо.