Жена од Колумбија која исчезнала пред 2 години е пронајдена жива како лебди на површината на морето

Жена чие семејство пријавило дека исчезнала во 2018 година, е пронајдена како плови жива во Карипското море крај северноколумбискиот пристанишен град. Оваа снимка снимена од еден нејзин спасувач, рибар по име Роландо Висбал, го доловува моментот кога тој и неговиот пријател ја забележале жената Анџелика Гаитан, на околу два километра од Порто Колумбија.

Откако ја спасиле од морето веднаш тргнале да ја однесат на копно. Веднаш потоа ја седнале на стол, но жената не изгледа како да реагира на обидите за комуникација. На крајот ја носат до автомобил каде што ја водат во болница со полициска придружба.

Откако дошла на себе Анџелика дала изјава за новинарите: „Човекот кој ме спаси среде море ми рече дека сум била во несвест и сум лебдела. Фала му на Бога што бев жива и тој ми фрли елек за спасување. Ме донесоа во здравствен дом каде ја добивам потребната нега“

Гаитан за колумбиските медиуми изјави дека нејзиното исчезнување во 2018 година било обид да побегне од нејзиниот насилен поранешен сопруг по особено бруталниот напад. Таа вели дека неодамна била принудена да го напушти прибежиштето и сакала да си го одземе животот.

Позајмила пари за автобуска карта и се врлила во морето каде што лебдела 8 часа. Сепак една од нејзините ќерки ја демантирала својата мајка велејќи дека нејзиниот татко никогаш не бил насилен кон Анџелика и дека нејзиното ментално здравје се нарушило откако доживеала срцев удар.

Ќерките на Анџелика издале заедничко видео соопштение во кое тврдат дека не се слушнале со нивната мајка од 2018 година, кога било пријавено дека таа е во Еквадор. Тие додадоа дека две години подоцна добиле известување дека Гаитан е под грижа на психијатар во Баранкила.