Одговори:

1. Патот кон вашето срце е: Искреноста

Вие мразите кога некој лаже, па затоа личноста која е вљубена во вас, доколку сака да биде со вас, неопходно е да биде супер искрена за сите работи. Вие го цените моралот и ги негувате ваквите вредности. Исто така, покрај искреноста, луѓето може да ве освојат ако имаат одлично чувство за хумор и ги сакаат истите работи како и вие.

2. Патот кон вашето срце е: Добрината и сочувствителноста

Вие не можете да ја поднесете злобата во луѓето, па така личноста која ќе сака да ве освои ќе мора да биде неверојатно добра и да сочувствува со останатите. Вам ви е потребен партнер со кој ќе правите добри дела и само така ќе се чувствувате совршено среќни.

3. Патот кон вашето срце е: Топлината и интимноста

Вие едноставно не ги толерирате луѓето кои се однесуваат како да немаат срце. Доколку некој сака да биде со вас, тој мора да биде способен отворено да разговара за неговите чувства и се подразбира, мора да се потруди за интимниот живот.

4. Патот кон вашето срце е: Интересот и вниманието

Мразите арогантни и луѓе кои се однесуваат студено. Личноста која сака да ве освои ќе мора целосно да ви се посвети и да покаже дека се грижи за вас и постојано да ве опсипува со внимание.