Еве колку всушност е 55 децибели, новото ограничување на „гласна музика“ во угостителските објекти

Владата пред неколку дена одлучи да се ограничи нивото на музика во угостителските објекти на 55 децибели, за да тоа не ги потикнува гостите на забава и притоа да го шират коронавирусот.

Но, веројатно и вие се запрашавте, колку всушност е тоа.

Како компарација во продолжение ќе ви пренесеме листа на некои од најчестите бучави и колку децибели изнесува нивната јачина, па вие проценете сами.

  • Ако сте на отворен простор каде што нема ветер, тогаш бучавата е 20 децибели.
  • Ако некој свири со уста тогаш произведува бучава од околу 25 децибели.
  • Бучавата во приградско населено место во текот на ноќта изнесува околу 40 децибели. Исто колку и во читална во библиотека.
  • Е сега, 55 децибели јачина на звук има фрижидерот кој го користиме во домаќинствата.
  • Ако работите со повеќе луѓе во канцеларија, тогаш може да им бучава од 60 до 65 децибели.
  • Нормална конверзација меѓу две лица има јачина на звук од 60 до 70 девибели.
  • Правосмукалката произведува бучава од 75 децибели.
  • Јачина на звук од 80 децибели имаат мобилните телефони кога ѕвонат.
  • Градскиот метеж има јачина од 85 децибели.
  • Се над 80-90 децибели може да предизвика оштетување на слухот, ако долгорочно сте изложени на таа бучава.

Податоците се преземени од мерна табела на Универзитетот Јејл.