Графикон на вистината за Македонија: Топ дестинации и потеклото на мигрантите денес, еве каде сме ние
Луѓето отсекогаш се селеле за да бараат можности за подобар живот. Денес, повеќе од 270 милиони луѓе живеат надвор од земјата на нивното раѓање, 51 милиони повеќе отколку во 2010 година. Во тој број спаѓаат економски мигранти, бегалци, раселени лица и обични иселеници. Македонците редовно го пратат овој „тренд“ па дури и се меѓу првите држави во светот чиј што голем број на жители живеат надвор од родната држава.
Од овој графикон може да се види дека Македонија е на 7-мото место, кое до дели заедно со Казахстан и Тринидад и Тобаго. Очигледно Балканците се „лидери“ во иселување од своите држави како што може да се види по Босна и Херцеговина која е на прво место и Албанија веднаш после неа. Исто така и „европската“ Хрватска не е далеку на оваа листа. Истражувањето е направено од Pew Research Center.