Саша Барон Коен донираше 100.000 долари на дадилката со која се пошегува во Борат 2
Џенис Џоунс ги стопли срцата на милиони кога беше снимена како се обидува да ја убеди Марија Бакалова, за која веруваше дека е 15-годишна Тутар, да не прави пластична операција за да му угоди на нејзиниот татко Борат. 62-годишната веднаш по објавувањето на филмот изјавила дека се чувствува измамена затоа што верувала дека учествува во документарец за „деца невести“ и правата на жените.

Вистинската природа на филмот ја дознала само кога пријател ја предупредил откако го видел трејлерот на почетокот на претходниот месец. По објавувањето на филмот Џоунс станала омилена меѓу гледачите и луѓето почнале да ѝ донираат пари на GoFundMe страната поставена од страна на нејзиниот пастор, Дерик Скоби.

Пасторот вели дека Џенис и црквата биле загрижени за Тутар и се молеле за нејзиното здравје, секако додека не дознале дека сѐ е измама. Поради пандемијата Џенис го изгубила работното место на кое била 32 години и луѓето уште толку сакале да ѝ помогнат.

Саша Барон Коен одлучил да се приклучи на акцијата и донирал дури 100.000 долари за Џенис и парохијата.
