Град во Кентаки си избра необичен градоначалник, кој доби рекорден број на гласови
Додека САД чекаат да слушнат кој ќе стане следниот претседател, еден град во Кентаки го слави назначувањето на својот нов небичен лидер. Рабит Хаш е мал град во Кентаки кој не верува дека луѓето добро ја вршат работата на позицијата градоначалник, па затоа пронашле некој кој е добар, искрен и сите ќе го сакаат.

Традицијата овој град ја започнал во 1998 година и таа трае до денес, а на овие избори имало рекорден број гласови за необичниот кандидат. На гласањето, одржано на денот на изборите оваа недела победи Француски булдог по име Вилбург Бист. Резултатите биле објавени онлајн од страна на амбасадорот на градот, црно-бел Бордер коли, по имеЛејди Стоун, која го опиша настанот како „најважните избори што се случија оваа година“.

И покрај неговата нова позиција, Вилбур нема да биде надлежен за донесување законски одлуки за градот, кој е во сопственост на историското друштво Рабит Хаш. Изборите за градоначалник служат како прибирање средства за историско друштво, кое одржува згради и ги надгледува настаните во градот. Секој долар дониран се смета како глас за кандидатот по избор на донаторот, а изборите оваа година го соборија рекордот на гласање бидејќи беа дадени 22.000 гласови.

Боби Кајзер, претседател на историското друштво, рече дека организацијата охрабрува повеќе гласови и ги повикува луѓето да пијат на гласачките места „затоа што луѓето се многу послободни со паричниците“.
