10 кратки вицови за повесел викенд
Недоразбирање:
– Тоа е, кога ќе ја поканиш убавата комшивка на кафе, таа ќе дојде, ќе си го испие кафето и ќе си отиде.
– – – – – –
За една жена е подобро да биде убава, отколку умна, зошто мажите подобро гледаат, отколку што мислат.
– – – – – –
– Решив да ги полевам цвеќињата само после с*кс.
– И цветаат ли?
– Кактусите ми овенаа.
– – – – – –
– Зоки, колку се 5+5?
– 11…
– Ајде сега… извади ги рацете од џебовите и преброј пак!
– – – – – –
– Ако еден маж има многу пари, тој секогаш е убав и млад… Женска поговорка!
– – – – – –
– Тато, Ајфонот сам ли си го менуваа времето од летно во зимско?
– Е сине, за тие пари требва да помине и низ целиот стан и да ги свери и другите часовници…
– – – – – –
Веќе три часа пишуваме домашно со мојот син… На секоја грешка прави по десет склекови… ако порасне глуп, барем да е јак!!!
– – – – – –
Баба ми ми велеше едно време:
– Внучко, ако ја пушташ кокошката надвор, прво нахрани ја убаво. За да не лапа секакви ѓубриња по патот!
Дури откако се оженив сфатив што мислела.
– – – – – –
Една девојка ме прашува:
– Многу ме интересира човек, како тебе, паметен, интелигентен, инженер, уметник, интелектуалец, што си мисли обично?
– Паа… за е*ење, како и сите други…
– – – – – –
Жената му вели на мажот:
– Ми требаат многу пари! За солариум, за епилација, за маникир, за козметика, за алишта, чанти и чевли…
Мажот:
– A јас пак сум имал среќа во животот! Сум се родил природно убав…