Првиот стип за Бетмен во светот се продаде за сума на пари која само Брус Вејн би си ја дозволил
Објавен во 1939 година, Детективскиот стрип бр.27 го запознава светот со Брус Вејн многу порано пред тој да стане средство за размножување на разни холивудски блокбастери.
Стрипот ја содржи првата приказна за Бетмен, „Случај на хемискиот синдикат“, според која Вејн ја истражува мистериозната смрт на производителот на хемикалии. На крајот се открива дека Вејн и одмазникот Бетмен се една иста личност. Оваа вест без сомнение тогаш ги шокирала читателите.

Случајот на хемискиот синдикат е напишан од ко-креаторот на Бетмен, Бил Фингер, а илустриран од уметникот Боб Кејн. Оние кои во тоа време често посетувале стрип-продавници можеле да земат копија за 10 центи, не знаејќи дека купуваат парче историја. Сепак, според ТМЗ, овој стрип сега се смета за далеку повредна ставка, со преостанати само 70 копии.

Еден од таквите стрипови е продаден за неверојатни 850.000 долари, сума која би можел да си ја дозволи само некој кој има пари како Брус Вејн. Ова е, наводно, втора највисока продажна цена досега забележана за овој конкретен стрип, кој е рангиран меѓу најдобрите продажни стрипови во историјата.

Косопственикот на ComicConnect Винсент Зурзоло изјави дека стрипот веројатно ќе се продадал за уште повеќе доколку бил во подобра состојба. Сепак, за жал бил рангирана само на шест од 10 на скалата за оценување на CGC. Во 2010 година еден ваков стрип со оцена 8 бил продаден за $1,075,500.
