1-годишната ќерка на Кајли Џенер доби куќичка за играње за Божиќ и нејзината големина предизвика комични реакции
Секое дете сака да има куќичка за играње, без разлика дали е на дрво или пак на земјата. Како ќе изгледа куќичката зависи од финансиските средства и трудот кои родителите го вложуваат. Но, кога родителите ти се многу големи, куќичката може да изгледа повеќе како стан.
1-годишната Сторми, ќерка на познатата Кајли Џенер доби ни помалку ни повеќе куќичка за играње на два спрата со клима и тераса за Божиќ. 22-годишната Кајли вели дека нејзината ќерка мини вилата ја добила како подарок од нејзината баба.
Држејќи ја својата ќерка во рацете, Кајли ѝ вели дека има „големо изненадување за неа“ во кој момент Сторми го дава одговорот кој никој не го очекува од 1-годишно дете: „Биркин!“ Тоа е чанта која чини помеѓу 9.550 300.000 долари. Но, „за жал“ не било чанта туку „само“ мини вила.
Секако луѓето веднаш почнале „трагикомично“ да се шегуваат за фактот дека куќичката на Сторми е поголема од нечија соба или стан.